Oливер Чекрлиќ од Мрзенци, Гевгелија е победник на годинашниот „ВЕЛОТЛОН 2024“ што се одржа во Гевгелија.
Со време од 0:20:01 (20 минути и една секунда) тој ја помина трасата Off road на патеката Корија кај Негорските минерални бањи и го освои подиумот за ПРВОТО место.
Влатко Семенаков од Гевгелија, член на „Гевгелија точак клуб“ и активно посветен спортист и атлетичар со само 15 секунди разлика го освои ВТОРОТО место и подиумот за второпласираниот на годинашнит Велотлон. Неговото постигнато време до целта е 0:20:16.
Патека долга 5.600 метри се вози со велосипед, се трча и последните 100-тина метри се трча со препреки. Ова е дисциплина што спортистите во кондиција ја поминуваат како од шега.
Влатко Лозаноски со време од 0:20:40 се пласираше на ТРЕТО место во трката со велосипеди во категорија 3 мажи.
Останатите категории имаат свои прваци:
Мите Досков – Категорија 2 машки – време 0:20:44
Костадин Спиров – Категорија 1 – мажи – време 0:20:56 минути.
Од женските учеснички со најдобро време до целта беше Анита Величковска 0:28:04 во „Категорија 3 – женски“.
Павлинка Карајанова беше со најдобро време во „Категорија 2 – женски“, а патеката ја возеше за 0:30:37 минути.
Јована Дичева беше со најдобро време од „Категорија 1 – жени“, а нејзиниот пат до целта траеше 0:37:13 секунди.
Се’ на се’ годинава имаше 48 учесника на Велотлонот, спортисти од Гевгелија и други места од Македонија. Патеката е тешка и бара многу напор, па само посветените на спортот се радуваат на резултатите. Останатите спортски мераклии ги поддржуваа натпреварувачите кои денеска возеа велосипед, трчаа низ Коријата во Негорски Бањи, кај Гевгелија