Вчера, во организација на Федерцијата на училишни спортови на Македонија и УСК „ БРАМИЛ“ при ООУ „Браќа Миладиновци“ – Општина Илинден беше одржан Државниот натпревар во Фудбал за основните училишта во Македонија.
Екипата на ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, како победници на Општинскиот натпревар што се одржа минатиот месец, заедно со освоениот трофеј се стекна со право за учество на Државниот натпревар по фудбал за основни училишта во Македонија.
Вчера, на фудбалските терени во општина Илинден,својот прв натпревар од ДП гевгелиските ученици фудбалери го одиграа против екипата на домаќините, тимот на ООУ „Браќа Миладиновци“ – општина Илинден и резултатот што го постигнаа беше извонреден, 3:0 па тоа ги однесе во финале.
Противник во финалниот дуел на учениците од Гевгелија беше екипата на ООУ „Братство Миѓени“ – Тетово. Резултатот беше 1:3 за тетовците.
Со тоа екипата на ООУ „Крсте Мисирков“ стана вицешампион на Државниот натпревар во фудбал за основни училишта во 2024 година.
ООУ „Крсте Мисирков“ освои две награди во фудбал на Државнто првенство за основни училишта. Заслужен за вториот освоен пехар е ТОДОР ПЕТКОВ ученик од Гевгелија кој беше прогласен за „Најдобар голман“ на ДП.
Тренер (ментор) на екипата основци од Гевгелија е наставникот по физичко воспитување Звонко Бучков.
Конечниот пласман на останатите екипи е следниот:
I место ООУ Братство Миѓени – Тетово.
II место ООУ Крсте Мисирков – Гевгелија.
III место ООУ Владо Тасевски – Скопје.
IV место Браќа Миладиновци – Општина Илинден
Организаторот на првенството се погрижи учениците да имаат одлични услови за игра и дружење со обезбедени квалитетни оброци, пијалоци маици како и пехари за најдобар играч ,најдобар голман и Фер плеј екипа.
Честитки за новите трофеисти од Гевгелија!