Вообичаена навала на трофеи и освоени подиуми од атлетичарите на АК 7-ми Ноември од Гевгелија кои оваа недела учествуваа на две трки во Грција и освоија 6 подиуми, од кои две ПРВИ места, три ВТОРИ места и едно ТРЕТО место.
Се учествуваше на две трки денеска во Грција: „Аксиос ранинг фестивал“ и треил во местото Вавдос, Полигирос на Халкидики, која имаше доста тешка планинска патека за трчање со совладување на висинска разлика од 1100+/- метри висинско искачување на трасата од 21 км и 250 +/- висинско искачување на трасата од 6 километри.
Носители на трофеите се:
1. ЕПОВ АТАНАС – ПРВ на трасата од 6 километри на трката „Вавдос треил“ со време од 29:19 минути
2. ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ – ВТОРО место на трасата од 6 км на „Вавдос треил“, со само 1 сек. зад Епов, и истрчано време од 29:20 минути.
3. ПРОШЕВСКИ ДАРКО – извонредно 14 место на 21,1 километри (планински полумаратон) со сопствено подобрување на личниот резултат за 25 минути, со истрчано време од 3:00:05 ч. и искачување на официјалната треил листа на резултати за 7 места погоре за разлика од лани.
Детска трка над 6 години:
1. ПЕТКОВ ТОМЧЕ – освоено ПРВО место на траса од 1,3 километри
2. СЕМЕНАКОВА ДОБРИЛКА – освоено ВТОРО место
3. ЦИЦМИЛОВИЌ БОЖИДАР – освоено ТРЕТО место
Забележувате – Македонските деца атлетичари од Гевгелија ги запоседнаа (освоија) сите три подиуми на трката за деца од 1,3 километри, за возраст над 6 години !!!
Детска трка на возраст под 6 години:
1. СЕМЕНАКОВ КОСТАДИН – освоено ВТОРО место на траса од 1,3 км.
Вака слават децата атлетичари од Гевгелија:
На трката „Вавдос треил“ која годинава се организира за прв пат во Грчкото место Вавдос, од гевгелискиот атлетски клуб учествуваа 11 атлетичари: Прошевски Дарко (21,1 км. планински полумаратон), Коцевски Игор, Семенаков Влатко и Епов Атанас на трката од 6 километри, потоа децата учесници Семенаков Горан и Семенаков Костадин, Петков Томче и Сани, Костадинов Живко, Семенакова Добрилка и Цицмиловиќ Божидар.
Стартот на трката беше пред основното училиште во Вавдос. Овде граѓаните ги поздравуваа натпреварувачите посакувајќи им среќа, „Добро да поминете на трасата“, а низ улиците одекнуваше музиката од филмот „Огнени кочии“.
Мал видео приказ на тесните ридести патеки кои се дел од трасата за 6 и 21 километар што гевгелиските атлетичари ги совладаа со одлични резултати на така силната конкуренција која ја имаа на овој меѓународен спортски настан во Грција.
Гевгелиските атлетичари со 11 учесници на трките во Вавдос успеаја да освојат шест подиуми и шест медали, што значи реализација на терен од 55%. Сите согореле со атомите на своите мускули на трасите за трчање.
На трката во „Аксиос ранинг фестивал“ учество зедоа атлетичарите од АК „7ми Номеври“ Гевгелија: Анчев Тодор (трка на 10 километри), Стоева Натка, Крајчева Александра и Петков Живко на трасата од 5 километри.
Ги оекуваме резултатите на македонските учесници од Гевгелија.
Честитки за трофеистите од Гевгелија на трките во Вавдос!
За заслугите на терен децата беа наградени со попладнева плажа.