„Животе брате“ е нова песна на групата ДНК, која ја направија со македонскиот пејач Наум Петрески и со музичарот Џамбо Агушев и неговиот блех-оркестар.
Песната е посветена на прерано починатите македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски, и на предводникот на навивачката група на МЗТ Скопје, Марјан Михајловски – Маци.
Еве дел од рефренот:
„Животе брате, брате дај насмевни се,
Животе брате, брате дај смилувај се,
Животе брате, брате да запееме,
Еднаш живееме.“
Слушнете ја оригиналната изведба со ДНК, Наум Петревски и оркестарот на Џамбо Агушев.