петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

MАКСИМ АНГОВ – детето рекордер од југот!

За две години како настапува на атлетски трки во земјата и странство има освоено 14 медали, 10 златни за освоено прво место и 4 сребрени за освоено второ место. Има само 11 години а атлетиката му е терен за победи

мај 22, 2024
in СПОРТ
MАКСИМ АНГОВ – детето рекордер од југот!
0
SHARES
70
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

За две години како настапува на атлетски трки во земјата и странство има освоено 14 медали, 10 златни за освоено прво место и 4 сребрени за освоено второ место. Има само 11 години а атлетиката му е терен за победи.

Максим учествувал на 14 трки, од кои пет во Грција, една во Србија и преостанатите во Македонија. Речиси секаде се натпреварува со учесници две-три години постари од него.
Досега Максим победил на трки во Врање, Србија, во Вегоритос, Ваптистис, Кукуш и Вавдос во Грција, а во Катерини, во Нео Агионери и во Кукуш заврши како втор. Најдобар бил и во трките во Гевгелија, Струга, Кавадарци и други.
Последната победа ја оствари на трка во Грција, каде се искачи на пиедесталот за освоено ПРВО место.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025
Maксим победник на детската трка во Гевгелија „November run 2023“

Негов тренер и посветен ментор е познатиот атлетичар Тодор Анчев со кој речиси на сите настапи заедно освојуваат подиуми, во своите категории.
И двајцата се членови на АК „7-ми Ноември“ Гевгелија.

Тодор Анчев, тренер и Максим Ангов (11 год.) најмладиот рекордер од југот

Максим Ангов имаше само девет години кога првпат ја почувствува радоста што ја носи победата. Беше прв на трката „7 Ноември“ во Гевгелија, на која учествуваше благодарение на тогашниот наставник по физичко, а сега и негов тренер Тодор Анчев. Оттогаш ова темпераментно момченце вредно тренира, па освен што е одличен ученик во петто одделение во основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци, каде што живее со семејството, тој веќе има освоено голем број награди на трки во Македонија и во странство.

Максим Ангов е роден на 18 јануари 2013 година во Струмица, живее со своето семејство во Богданци, а победува во Македонија и соседните земји каде настапува на атлетски натпревари.

– „Му посакувам да продолжи да тренира со овој жар, бидејќи пред него е блескава иднина“ – изјави неговиот тренер Тодор Анчев.

Лесни нозе во нови победи!

Максим горд на своите трофеи – освоени пехари и медали
ShareTweetShareSend
Previous Post

„ЖИВОТЕ, БРАТЕ!“ – нова песна и спот на дуото ДНК

Next Post

Чествување на денот на сесловенските просветители браќата Свети Кирил и Методиј

Next Post
Чествување на  денот на сесловенските просветители браќата Свети Кирил и Методиј

Чествување на денот на сесловенските просветители браќата Свети Кирил и Методиј

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

САВА МИХАЈЛОВ – (1877-1905) – 120 години незаборавна историска величина на Гевгелија

САВА МИХАЈЛОВ – (1877-1905) – 120 години незаборавна историска величина на Гевгелија

4 месеци ago
Лана Танова од Гевгелија најмалата учесничка на „Женска трка“ 2025

Лана Танова од Гевгелија најмалата учесничка на „Женска трка“ 2025

3 месеци ago
Гевгеличанецот Ризов се искачи на Килиманџаро со велосипед

Гевгеличанецот Ризов се искачи на Килиманџаро со велосипед

2 години ago
Македонскиот автомобилист Иџе со победа и рекорд на трката во Чешка

Македонскиот автомобилист Иџе со победа и рекорд на трката во Чешка

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025
Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist