Денеска се навршуваат 119 гoдини од признавањето на националната самобитност на Власите и дoделените национални права од страна на Отоманското Царство со кое владеел Султанот Абдул Хамид II.
Од далечниот 23 мај 1905 година кога Султанот го потпишал прогласот “Ираде“, со кој на Власите им биле доделени национални права, можност за избор на свои „муктари“ (градоначалници), можност за настава на влашки јазик во училиштата и богослужба на влашки јазик во црквите, овој ден власите кај нас во земјава го слават за свој национален празник.
Со одлука на Лигата на Власите и другите влашки граѓански здруженија, во 1991 година овој ден е прогласен за Национален празник на Власите во целиот свет, а со законот за национални празници во Македонија донесен во 2007 година овој ден е државен празник и неработен за припадниците на влашката заедница.
Денес многу честитки беа испорачани до влашкиот дел од населението во Македонија кое според попист од 2001 брои 9.695 лица, но сигурно ги има и повеќе, а само на Балканот нивната застапеност е над 100.000 жители (најмногу во Грција, потоа Романија, Србија, МК, Албанија и Бугарија).
Власите во Гевгелија и гевгелиско имаат своја долга историја на семејно потекло, со длабоки историски сеќавања за фамилијарните жртви во изодувањето на патот кон правдата и самобитноста на влашката заедница, станувајќи темелен елемент во нашата заедничка борбата за слобода, правда, независност, во сите етапи на македонската државност. Заради тоа тие имаат дадено исклучително значајниот придонес во градењето на нашата заедничка историја, во општествениот и културен развој на државата и нашата Гевгелија.
Среќен Ден на Власите! Честит и вековит да е!
Музучки поздрав со песната „Две лири, две франги“ во исполнение на ансамблот „Распеани Гевгеличани“ снимен во далечната 1973 година.
Насловно фото: Влашка народна носија од Мегленскиот крај, што ја носеле во гевгелиските села Ума, Конско и Серменин, а е дел од ризницата народни носии со кои настапува гевгелискиот ансамбл „Бојмија“