Со дводневна програма, со свечени литургии, акатист, литии и световна културна програма црквата „Св. Кирил и Методиј“ од Гевгелија го одбележа денот посветен на Светите македонски браќа Кирил и Методиј, создателите на глаголицата и писмото со кое се ширела словенската писменост и проповед.
Родени во IX век, во 826 и 827 година, тие биле образовани во тогашни високи школи и им биле доделувани одговорни задачи, учествувале во Хазарската и Моравската мисија кои претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт.
Делото на браќата го продолжиле нивните ученици, тие ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите.
Посветени на Христијанството но и на световната култура и описменување на младите на македонсците, со формирањето на првиот Универзитет во Охрид, Кирил и Методиј докажуваат дека се за напредок кој со писмото ќе ја приближи религијата меѓу луѓето, но и ќе им даде „оружје“ да учат, да напредуваат, да создаваат и да остават траен белег во македонската историја.
Чествувањата во организација на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија попладнево продолжија со свечена Литија низ улиците на Гевгелија, со настап на на ансамблот „Македонија“, како и оркестарот „Полифонија“, а попладнето беше послужен сенароден ручек за празничните посетители на црковниот храм.
Аве дел од одбележувањата: