Вчера попладне, на 23.05.2024 во 16:00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино, во атар на с.Башино село, патничко возило „Мерцедес“ со национални регистарски ознаки на Р.Грција излетало од коловозот.
Возилото било управувано од Л.К.(43) од Гевгелија.
Во несреќата повредени се три лица, сите жители на Гевгелија.
Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И.(73) од Гевгелија, а со телесни повреди се здобиле Л.К. (43 годишниот возач) и уште еден сопатник Д.И.(79) од Гевгелија.
Повредите биле констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.