Бошко Јанкулов е студентот на кој што му беше дијагностициран канцер на карлица. Бошко веќе подолго време е на лекување во Турција, каде направи 6 хемотерапии, лекување кое го овозможија хуманите и добри луѓе од државата со финансиска хуманитарна поддршка за негово оздравување. Бошко уште не е на нозе. Му претстои операција за целосно отстранување на канцерот и лекување со радиотерапија и имунотерапија!
За овој хируршки зафат и постоперативен третман потребни му се 1.000.000 денари (16.000 евра). До сега се собрани 749.100 денари, а на Бошко му преостануваат уште 12 дена да се јави во операционата сала.
Потребни се уште 250.900 денари, или 4.092 евра. Можеме да помогнеме, нели!?
Затоа добри луѓе, Бошко се јавува повторно до Вас, до сите нас кои сочувствуваме со неговата мака, кои ја знаеме младоста полетна, да му помогнеме да се оперира и да стане од кревет.
Почетната целна сума од 1,8 милиони денари е намалена на 1 милион денари поради тоа што дел од средствата се собрани по други канали (трансакциски сметки, GoFundMe, телефонски броеви).
Помогнете добри луѓе!
ЛИНК за донации ТУКА!