сабота, 23, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

ВИДЕО и ФОТО: Ангела Влинтовска – победник на „Фолк Фест Валандово 2024“

Композицијата „Темјана“ изведена од младата 19-годишна Ангела Влинтовска ги собра аплаузите од публиката и гласовите на жирито за победа на ФФ Валандово 2024

мај 27, 2024
in SHOWBIZ, Музика
ВИДЕО и ФОТО: Ангела Влинтовска – победник на „Фолк Фест Валандово 2024“
0
SHARES
1.5k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Синоќа се одржа 37-то издание на на фестивалот на новосоздадена македонска народна песна „Фолк Фест Валандово“.

На сцената настапија 20 изведувачи со исто толку композиции, создадени во духот на македонската фолк музика.

Related posts

БОШ Фестивал по 17 пат во Гевгелија

БОШ Фестивал по 17 пат во Гевгелија

август 22, 2025
ПРВО место за ансамбл „Бојмија“ Гевгелија за најдобра народна носија на ИФФ „Stig Fest“

ПРВО место за ансамбл „Бојмија“ Гевгелија за најдобра народна носија на ИФФ „Stig Fest“

август 19, 2025

Со гласовите од жирито (во размер од 60%) и гласовите од публиката во салата (со размер од 40%) се избра победникот на фестивалот за оваа година. Тоа е композицијата „Темјана“ изведена од младата 19-годишна Ангела Влинтовска, музика на Ванчо Димитров, текст Огнен Неделковски и аранжман на Љупчо Соколовски. Наградата и’ ја додели градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов.

Еве што изјави Ангела за својата победа:

Второтопласирана е композицијата “Љубовта е оган” на дуетот Софија Пуровска и Никола Зацески, а за трето место беше избрана композицијата “Го чекам аберот” на Габриела Новевска.

Втора награда – дуетот Софија Пуровска и Никола Зацески
Трета награда – песната “Го чекам аберот” на Габриела Новевска

Вечерта помина со убави мелодии и многу емоции. Со силен аплауз, му се заблагодаривме на Костадин Костадиновски, како еден од творците на Фолк Фест – Валандово и долгогодишен уметнички директор на фестивалот.

Награда за животно дело беше доделена на Кирил Тодевски, за се што има создадено на македонската музичка сцена, фестивалот и вредноста што ја има оставено до сега.
Ревијалниот дел, беше исполнет со хитови, како музички омаж на валандовчанката Благица Калева.

Благица Калева го најавува својот настап во ревијалниот дел на Фестивалот

Во саботата на предфестивалската вечер на сцената на отворено имаше настап на рок бендот „Ареа“, Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе и Кирил Џајковски.

Во петокот пак, на првата предфестивалска вечер свои настапи имаа Драган Мијалковски, Лозано и Перо Христов.

Фестивалот традиционално го полни Валандово со посетители од целата земја. Новитетот од пред неколку години, да се одржуваат двете предфестивалски вечери со музички гости на отворено, беше дочекан со позитивни реакции и градот овие три дена живее со полна пареа, преполни се угостителските објекти, а се одржа и Фестивал на традиционална храна.

Претфестивалската забава на отворено го полни Валандово
Настап на младата Ангела со победничката песна „Темјана“

– „Фолк Фест Валандово е македонска вредност. Ја одржува нашата традиција, создава нови песни и го зајакнува македонскиот идентитет“, истакна градоначалникот Перо Костадинов по повод манифестацијата.

ShareTweetShareSend
Previous Post

МВР Билтен: Насилство во Гевгелија и Струмица, во Валандово сообраќајна несреќа

Next Post

Хуманитарен АПЕЛ за БОШКО!

Next Post
Хуманитарен АПЕЛ за БОШКО!

Хуманитарен АПЕЛ за БОШКО!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Опожарени и изгорени две семејни куќи во Гевгелија

Опожарени и изгорени две семејни куќи во Гевгелија

1 година ago
ВИДЕО: Штрковите паѓаат колабирани од жештините во Гевгелија

ВИДЕО: Штрковите паѓаат колабирани од жештините во Гевгелија

1 година ago
Ана Бегова од Гевгелија – најбрза на Дедомразовската трка во Скопје

Ана Бегова од Гевгелија – најбрза на Дедомразовската трка во Скопје

8 месеци ago
ВИДЕО: „СЕДИ ДОЛУ, ПИ*КА ТИ МАТЕРИНА“! Скопјанец совладал терорист

ВИДЕО: „СЕДИ ДОЛУ, ПИ*КА ТИ МАТЕРИНА“! Скопјанец совладал терорист

4 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Премиерот Мицкоски во посета на ХС „За спас на Дојранското езеро“ кај Ѓавото
  • БОШ Фестивал по 17 пат во Гевгелија
  • Спречен шверц на лекови на ГП „Богородица“ Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Премиерот Мицкоски во посета на ХС „За спас на Дојранското езеро“ кај Ѓавото

Премиерот Мицкоски во посета на ХС „За спас на Дојранското езеро“ кај Ѓавото

август 22, 2025
БОШ Фестивал по 17 пат во Гевгелија

БОШ Фестивал по 17 пат во Гевгелија

август 22, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist