Забава на отворено, со бројни изведувачи, во чест на Денот на Европа, ќе биде одржана овој четврток на централниот плоштад во Гевгелија.
Публиката ќе може да ужива бесплатно во најдобрите македонски рок хитови од познатите македонски групи: „Конкорд“, „Архангел“, „Леб и Сол“, „Лева Патика“, „Меморија“, „Чоканче“, „Ареа“ и многу други, кои ќе бидат изведени од:
🎤 Дани Димитровска
🎤 Ружица Брчиоска – од групата „АРЕА“
🎤 Јасна Димитровска
🎤 Сашо Паркет
🎤 Наде Талеска
На сцената во Гевгелија ќе настапи и Камерниот оркестар од Битола. Музичкиот хепенинг ќе ги обедини звуците на класичната музика и енергијата на рокот, донесувајќи незаборавно искуство за сите присутни.
Настанот го најавува „Europe House Strumica“ во соработка со општина Гевгелија.
Дата: 30 мај, Време: 20:00 часот, Локација: Плоштад Гевгелија
Во прогремаскиот дел е планирано предпремиерно, во 18:00 часот, да настапат и изведувачи од Детскиот интернационален фестивал „Калинка“ од Гевгелија.
Бидете на забавата што се организира по повод Денот на Европа, 9 Мај. Настанот е временски поместен поради терминиот на изборниот ден.
Инаку, безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај 1945 година. Дата која не треба да се заборави. Наместо сеќавање за војната, ќе ја славиме ПОБЕДАТА!