Екипата составена од 8 и 9-то одделенци од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија вчера на Државниот натпревар во кошарка за основни училишта го освои ТРЕТОТО место.
Тие како најдобри на регионалниот натпревар во кошарка, за машки, се пласираа на Државното првнство кое се одригра вчера, вторник, 28 мај, во спортската сала „Независна Македонија“ во општина Кисела Вода, Скопје.
Настапија во конкуренција со ученици од својата генерација од Скопје и Струга, кои се избориле за први места во кошарка во своите региони.
Пласманот е следен:
1.место – ООУ „Јан Амос Коменски“ -Скопје
2.место- ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга
3.место – ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија
4.место – ООУ „Кузман Ј. Питу“ – Скопје
За најдобар играч на турнирот е прогласен Павел Ѓиновски од „Јан Амос Коменски“ – Скопје.
Тренери и ментори на гевгелискиот училишен тим од „К.Мисирков“ се наставниците по физичко образование и спорт Звонко Бучков и Мицко Алексовски.
Велат успехот доаѓа со 10% талент и 90% работа. Овие деца докажаа дека вредно тренирале и во Гевгелија се вратија со пехар за освоено ТРЕТО место на држвно ниво во кошарка за машки.
БРАВО деца, да ви се множат победите во животот!
Организатор на натправарите помеѓу училиштата е Федерацијата на училишни спортови во Македонија, а домаќин беше училиштето во Кисела Вода, Скопје.