Хорот на скопското основно училиште „Кочо Рацин“ освои прво место светскиот куп во фолклор, фестивалот „Соправиста“ во Лидо ди Јесоло, Венеција.
На натпреварот учествуваа околу 500 натпреварувачи од 12 земји. Предметната наставничка по музичко образование, Наташа Митрова, заедно со 7 ученици од училишниот хор изведоа македонски песни обработени за хорска изведба.
– „Победнички, силно, достоинствено, храбро, смело… во срцето на Италија се слушна македонската песна. Песна, која и не само италијанското срце, туку и срцето на многу земји го обои во црвено – жолти нијанси. Неверојатно е чувството да се слушне името на татковината Македонија, но победнички. Замислете, 7 мали деца ја направија татковината горда, го направија гордо и своето училиште, својот училиштен дом“, изјави Митрова.
– „На сцената настапија Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана“ – велат од училиштето. Тоа се децата кои со македонска фолклорна песна прилагодена за хорска изведба го освоија ПРВОТО место и ја докажаа вредноста на македоскиот фолклор.
Лани истиот хор победи на натпреварот во Римини, Италија.
Минатогодишната победа во Римини, Италија, беше поттик за нови музички авантури на училишниот хор при ООУ „Кочо Рацин“, велaт оттаму.