Во конкуренција помеѓу основните училишта во државата на вчера одржаното Државн првенство во тенис, гевгелискиот ученик Александар Груиќ го освои ПРВОТО место.
До трофејот и златниот медал Александар стаса со три победи во дуел со своите противници, сите три со резултат 2 – 0, без да изгуби ниту еден сет. Резултатот покажува дека ги збришал на терент сите до еден. Првиот дуел го победил со резултат 4-0 , 4-0 во сетови, вториот 4-0 4-1 и третиот финален натпревар покажал повторно целосна доминација со рекетот и теренот постигнувајќи резултат 4-0 4-0.
Така, Гевгелија го доби Државниот првак во тенис помеѓу основните училишта – Тоа е Александар Груиќ, осмоодделенец од ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија. Ментор на овој тениски талент од Гевгелија е наставникот Цеветан Нелоски.
Државното првенство се одржа вчера, 30 мај, во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, во домаќинска улога на ОСУС Кавадарци, на терените на тенискиот клуб на „Црна Река“.
Скромен на зборови, но фокусиран на тенискиот рекет и топчето, Александар годинава освои четири подиуми: ПРВО место на Меѓународен трунир во Турција во двојки, ПРВО место во натпревар двојки и ВТОРО место во натпреварите од сингл категорија на годинашното Државно првенство во тенис за јуниори, ПРВО место на Државен натпревар во училишна конкуренција за 2024. Тој е моментално на 129-то позиција на Европската младинска листа на тенисери, „Tenis Europe“.
Александар Груиќ од Гевгелија и Марко Алексовски (МК) триумфираа на турнирот во Анталија
Aлександар Груиќ oд Гевгелија освои ЗЛАТО и СРЕБРО на Државното првенство во тенис 2024
Со ваквата жетва за почетокот од годината, Александар сигурно ќе атакува за трофеи и од други првенства на кои е спремен да учествува.
Еве ги сите денешни освојувачи на подиум на Државното првенство во тенис за ученици од основните училишта во Македонија, по категории:
Категорија 6-то и 7-мо девојчиња:
1.Надица Блажевска ООУ Гоце Делчев-Кавадарци
2.Андреа Цветкоска ООУ Кире Гавриловски Јане-Прилеп
3.Кристина Танеска ООУ Кочо Рацин-Прилеп
3.Тијана Костадиноска ООУ Климент Охридски-Прилеп
Категорија 6-то и 7-мо момчиња:
1.Селим Јилдис ООУ Јаха Кемал-Скопје
2.Дамјан Стефанов ООУ Лазо Ангеловски-Скопје
3.Георги Илин Николоски ООУ Кире Гавриловски-Прилеп
3.Георги Донев ООУ „Борис Трајковски“ -Моноспитово, Струмица
Категорија 8-мо и 9то девојчиња:
1.Миа Спировска-ООУ „Партение Зографски“-Скопје
2.Лилиа Поцкова ООУ Блаже Конески-Велес
3.Анабела Костадиноска ООУ Св.Климент Охридски-Прилеп
3.Нина Манасиева ООУ Никола Карев-Кочани
Категорија 8-мо и 9-то момчиња:
1.Александар Груиќ ООУ „Владо Кантарџиев“-Гевгелија
2.Давид Јаќимовски ООУ „Д.А.Габерот“ – Кавадраци
3.Давид Ачкоски ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
3.Борјан Ристевски ООУ „Климент Охридски“ – Битола