Две Сребрени и еден Бронзен медал е достигнувањео на тројцата учесници од КБК „АЖДЕР“ на годинашното Балканско првенство во кик бокс што се одржа во Црна Гора.
Носителите на медали се:
1. ЏАН ИБРАИМОВ – Сребрен медал, категорија -63 кг „Кик лајт“
2. РИСТО ВЕНОВ – Сребрен медал – категорија – 69 кг, „Кик лајт“, и
3. ДЕЈАН ПАНОВ – Бронзен медал – категорија -81 кг „Лоу кик“
Џан имаше силен противник од Турција, Јапар Ефе Акџај (ТR) со кој и заврши со резултат 0-3 во финале и освои Сребрен медал.
Ристо Венов имаше дуел со македонски репрезентативец Роберт Костовски и заврши нерешено 0 : 0, но сребрениот медал отиде во рацете на Венов.
Тројца гевгелиски натпреварувачи застанаа гордо на три освоени подиуми. Ова е 100 од сто остварување на терен на тројцата учесници од КБК „Аждер“ од Гевгелија на Балканското првенство 2024, предводени од нивниот тренер Атанас Стојковски.
Се’ вкупно, Македонските репрезентативни кикбоксери кои настапија на Балканското првенство во Подгорица, Црна Гора освоија 32 медали – 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали. Во тој резултат со три медали учествуваа и гевгелиските кик боксери, што е речиси 9,4% заслуга во резултатот на кик боксерите од „АЖДЕР“.
Дека успесите не се случајни зборува 20 годишната традиција на овој гевгелиски клуб, формиран во 2004 година, што значи годинава слави две децениски јубилеј со освоени три подиума во Балканска конкуренција.
– „Со ваков од’ кон подиуми и медали „АЖДЕР“ се подготвува за новата натпреварувачка сезона која започнува од есен, па во зависност од финансиски средства потребни за котизации, учество и патувања, ќе видиме каде ќе настапуваме“, изјави за GevgelijaNET тренерот Стојковски.
Инаку, „Аждер“ има свои редовни членови кои варираат од 20 до 30 активни спортисти во текот на годината. Во зависност од работното ангажирање и одвоеното време за спортување може да се надеваме на нови носители на подиуми од гевгелиски КБК „Аждер“.
Среќно на медалистите!
Нека не’ радуваат со уште победи!