Душан, Стефан и Филип – Ова се тројцата млади 12 годишни фудбалери од подмладокот на ФК „Кожуф“ Гевгелија, генерација 2012 кои заедно со својот тим станаа носители на пехарот за трето место во Детската лига на Македонија.
Од 4-те дуели кои ги имаа на завршниот турнир од Детската Лига на Македонија, овие тројца ги постигнаа сите 12 голови што ги лансираше ФК „Кожуф“ во противничките мрежи. А, играа со:
Кожуф – „Форца“ – 3:1 во пенали, (0:0 во регуларно време)
Кожуф – „ГФК“ Неготино – 2:0
Кожуф – ФК „Милано“ – 4:5 во пенали, (2:2 во регуларно време)
Kожуф – ФК „Албион“ – 3:1.
„Кожуф“ реализираше 12 погодоци во мрежата на противничките тимови, а прими само 7, од кои 6 се во пенали за одлучување на победникот, а само еден гол примен во регуларно време од натпреварите.
Половина од головите, вкупно 6 постигна младиот Душан Петров кој ја понесе наградата за „најдобар стрелец“ на завршниот куп од Детската лига на Македонија за 2024 година. Останатите беа погодоци на Стефан Петров и Филип Лазаров.
Ова се тројцата голгетери кои имаа реализација со погодок во противничката мрежа, инаку целиот тим беше активен за да придонесе кон резултатот, заради што и нивниот тренер Трајче Ников изјави:
– „Сите членови на тимот се заслужни до еден, меѓутоа овие тројца се главни двигатели на играта на целиот тим“, – истакна Ников.
- „Овој успех не дојде преку ноќ, туку вложен труд на децата во изминатите седум години активно тренирање фудбал. Трофејот за освоеното трето место во Детската лига ќе ни’ биде уште поголем мотив за работа и докажувања“ – вели нивниот тренер Ников.
– „Немаме време за славење, зошто на 14 до 16 јуни овој детски состав на ФК „Кожуф“ ќе настапи на турнир во Катерини, Грција, каде ќе играме во групата „G“ и ќе се соочиме со славниот тим „Leeds Und“ – додава тој. Тука се и фудбалските клубови „Olympic Larissas“, „Perikos“, IEK „Delta“, „Thunders“ FC, „Atromitos Triadlou“.
Тимот кој носи победи и радости за гевгелиската спортска јавност, „Кожуфци 2012“ се: Душан Петров, Стефан Петровски, Филип Лазаров, Константин Танчевски, Ристе Андреев, Јован Карагонев, Антонио Митров, Виктор Митренцев, Јован Новаков, Васил Ристов, Јован Проданов, Кристијан Димитров, Филип Велевски и Илија Цуклев.
Турнирот во Грција е нов предизвик за нашите млади фудбалски сили од Гевгелија.
Им посакуваме лесни нозе, прецизни шут топки и многу постигнати голови!
Честитки за постигнатото и СРЕЌНО!