Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава до против В.П.(49) и Д.П.(59), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во текот на јули 2022 година, пријавените на сопствената куќа извеле градба без соодветно одобрение за градење издадено од надлежен орган, се вели во полицискиот извештај на МВР.