Гевгелија предвреме ќе го започне летото со температурни 40-ки во текот на следната недела, а во државата температурите секаде ќе достигнат до 30-от степен, јавуваат од УХМР.
Летото доаѓа, а гевгеличани први ќе го почувствуваат, две недели пред тоа календарски да се официјализира.
Ништо невообичаено за градот со 260 сончеви денови во годината.