четврток, 19, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Освоени 8 подиуми од гевгелиските атлетичари на „Трчаме за Рацин“ – Велес

Атлетската елита на АК „7ми Ноември“ настапи на трките посветени на поетот Коста Солев Рацин во Велес и освои oсум подими за најдобро истрчано време

јуни 10, 2024
in СПОРТ
Освоени 8 подиуми од гевгелиските атлетичари на „Трчаме за Рацин“ – Велес
0
SHARES
109
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Атлетската елита на АК „7ми Ноември“ настапи на трките посветени на поетот Коста Солев Рацин во Велес и освои осум подими за најдобро истрчано време.

Ќе започнеме од најдолгата траса од 10 километри на која што Дарко Прошевски освои ВТОРО место во својата категорија (45-55). На трасата истрча со време од 47 минути и 57 секунди.

Related posts

Победничка доминација на атлетичарите од Гевгелија на трки во Грција – oсвоени 13 подиуми

Победничка доминација на атлетичарите од Гевгелија на трки во Грција – oсвоени 13 подиуми

јуни 15, 2025
TИНА УПЧЕВА – Каратистка од Дојран во „ТОП 5“ на Балканот

TИНА УПЧЕВА – Каратистка од Дојран во „ТОП 5“ на Балканот

јуни 10, 2025

Забележителен резултат имаше и Петковски Мики кој истрча со време од 44:06, а го освои 12-то место во севкупна конкуренција.

Следуваат по времето на пристигнување на целта учесниците од Гевгелија: Иванов Зоран (53.54 мин.), Павлов Ристо (56:00), Чучанов Ѓорге (1:09:04), Цветков Орце (1:10:58) и Темелковски Благојчо.

Од женските учеснички на трасата од 10 километри најдобро време од гевгелиските атлетичари имаше Валентина Узунова (1:01:21), која освои Диплома за освоено ПРВО место во женска категорија 55+.

Валентина – Прво место на 10 км – (жени 55+)
Диплома за победа – Валентина Узунова – 10 км, жени 55+

Втората претставничка од Гевгелија на трката од 10 км беше Чучанова Јасмина која на целта пристигна со време од 1:12:49 час.

Валентина и Јасмина

Најмногу учесници од Гевгелија, вкупно 13 атлетичари настапија на трката од 5 километри. Еве ги пласманите:
– Ковачев Никола имаше најдобро време од машките учесници од АК „7 Ноември“ (24:27), следуваат Лешев Петар (25:09) и Мичев Никола (27:28), Коцевски Игор (30.03), Џалев Никофор (30:08), Крсовски Илиоски Борце (30.26), Иванџиков Стојан (32:08), Петков Живко (32:15), Димов Владимир (32.27), а Костадинов Николчо и Костадинов Живко постигнаа идентично време од 33:52 минути.

Од женските учеснички од АК „7 Номеври“ на 5 км трка настапија: Мичева Викторија (42:52) и Костадинова Јулија (50: 51)

На трките во детска конкуренција, младите сили на АК „7 Ноември“ освоија 6 (шест) подиуми – две ПРВИ места, три ВТОРИ и едно ТРЕТО место.

ПРВИ места и медали за победа освоија:
1. Бегова Ана – категорија 8-10 години возраст, трка од 400 метри
2. Николов Борис – категорија до 8 години , трка од 400 метри

ВТОРИ места освоија:
1. Каракабаков Антонио – возраст до 13 години
2. Петков Томче – возраст 8-10 години
3. Лешев Стефан – возрсна категорија до 8 години

ТРЕТО место освои:
1. Ангов Максим – возрасна категорија до 13 години

На детската трка во Велес настапија уште: Петкова Сани (до 13 години), Иванџиков Стојан (до 13 г.), Костадинов Живко (возраст 8-10 год.), Костадинова Клара (8-10 год.), како и Лешев Митко (8-10 години).

Спортскиот настан „Трчаме за Рацин“ се одржа по трет пат, вчера, на 09 јуни 2024, како дел од 61-вите Рацинови Средби со 5 и 10 километраски трки низ улиците на Велес. По двете претходни успешни изданија, и оваа година се одржа во духот на спортот, со одлично организирани трки и супер забава преку кои на свој автентичен начин се чествуваше ликот и делото на Рацин. Трките се изведоа попладно, најпрво детските, а потоа и долгостазните.

Организатор на настанот е АК „Борец“ од Велес.

Им честитаме на осумте носители на подиум од Гевгелија како и на сите учесници од АК „7 Ноември“ од Гевгелија.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Три пожари во еден ден во Гевгелија

Next Post

Трка „ЗЕГИН спектатрон“-Скопје, 7 медали освоија Гевгелиските атлетичари

Next Post
Трка „ЗЕГИН спектатрон“-Скопје, 7 медали освоија Гевгелиските атлетичари

Трка „ЗЕГИН спектатрон“-Скопје, 7 медали освоија Гевгелиските атлетичари

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелиските црковни храмови во пресрет на Голема Богородица

Гевгелиските црковни храмови во пресрет на Голема Богородица

10 месеци ago
Карате клуб Дојран освои 8 медали и пехар на Меѓународен турнир

Карате клуб Дојран освои 8 медали и пехар на Меѓународен турнир

2 години ago
Изгоре стан на улица „Железничка“ во Гевгелија

Изгоре стан на улица „Железничка“ во Гевгелија

2 години ago
Пронајдена граната од Прва Светска војна во Дојран

Пронајдена граната од Прва Светска војна во Дојран

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • „За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“
  • Почина српска државјанка на летување во Грција
  • ВИДЕО: Невреме во Скопје, во Велес – поројни води низ улиците

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

„За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“

„За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“

јуни 19, 2025
Почина српска државјанка на летување во Грција

Почина српска државјанка на летување во Грција

јуни 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist