четврток, 19, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција

Релативно младиот мандолински оркестар од с.Јосифово, Валандовско „Полифонија“ неделава учествуваше на Интернационалниот мандолински фестивал во Измир Турција каде освен аплаузите и овациите на публиката од нивните настапи беа вратени да свират на бис

јуни 12, 2024
in SHOWBIZ, Музика
Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција
0
SHARES
1.3k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Релативно младиот мандолински оркестар од с.Јосифово, Валандовско „Полифонија“ неделава учествуваше на Интернационалниот мандолински фестивал во Измир Турција каде освен аплаузите и овациите на публиката од нивните настапи беа вратени да свират на бис.

Врв на музичкото доживување за неуморната публика од нивниот настап беше изведбата на композицијата „Libertango“ на Astor Piazzolla, a во аранжман на Nobuyuki Hayashi. Директорот на фестивалот освен личните честитки и посвета за учество на македонскиот оркестар на овој реномиран музички настан во Турција, до диригентот и водител на оркастарот проф. Раденко Костадинов упати барање во име на публиката да ја изведат композицијата повторно на бис.

Related posts

Aнсамбл „Бојмија“ ги разнежи гевгеличани со нов разигран концерт

Aнсамбл „Бојмија“ ги разнежи гевгеличани со нов разигран концерт

јуни 17, 2025
Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија

Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија

јуни 11, 2025

Еве ја изведбата на Либертангото што ја освои публиката и оваациите упатени до инструменталистите од валандвско Јосифово, од Македонија.

Оркестарот „Полифонија“ постои една година и месец дена, а зад себе веќе има настапи не само на локални манифестации, туку и во регионот и на државни настапи. Ова им е прв меѓународен настап каде што се единствени учесници од Македонија и ја претставуваат музичката култура на Македонија.

Во својот концертен настап 17те членови на оркестарот имаа класични и модерни музички изведби:
1. „Суита 17“ од Богдан Шиндилоски Данче,
2. „Game of trones“ Ramin Dijavadi,
3. „Libertango“ на Astor Piazzolla
4. „Ракатка 10“ сплет на македонски народни песни, аранжман Стеван Мокрањац,
5. „Петровка“ композитор Раденко Костадинов
6. „Сербез Донка“ македонска народна песна, аранжман Драган Вељковиќ.

Професорот Раденко Костадинов е долгогодишен музички образовен кадар кој својата љубов кон музиката несебично ја споделил меѓу учениците каде што ја обавувал својата професорска и наставна дејност, во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Валандово, во ООУ „Јосип Броз Тито“ исто во Валандово, во ООУ „Страшо Пинџур“ во с. Јосифово, валандовско во кои што го поминал целиот свој работен век со музиката и педагошката дејност.

Минатата година неговите ученици му приредија величествен концерт во големата концертна сала во Валандово во знак и поздрав за неговото пензионирање. Радоста од изненадувањето, од настапот од споделените емоции со професорот и публиката не сакаа да завршат тука.
– „Професоре ние овој концерт го направивме за Вас, но не сакаме да престанеме со музиката. Сакаме уште да свириме, да настапуваме, ајде да не водите Вие, да продолжиме заедно иако сме некогашни ваши ученици, дури и од различни генерации!“ – беше молбата на учениците кон нивниот професор на крајот од опроштајниот концерт за неговото пензионирање.

И, душата музичка, не можеше да не прифати. Овие деца ја засакаа музиката, ги засакаа своите инструменти, греота е да се одвојат од нив, а некој да не ги подгрева нивните љубопитства со нови композиции, нови аранжмани, сесеќава професорот Костадиновски. И за еден месец настана оркестарот „ПОЛИФОНИЈА“ основан од Здружението за музичка наобразба „Полифонија стрингс“ од с.Јосифово.

Претседател на оваа асоцијација и истакнат член на оркестаорт е Александар Павловски кој вели дека мотивот за ваквиот ангажман на овие 20-на членови на оркестарот е длабоко хуман.

– „Со нашата работа, музицирање и настапи сакаме да и’ вратиме малку на средината која не’ створила, на луѓето од нашата заедница, парче убавина и хармонија која може да ја пружи убавата музика, пренесувајќи чуства на возвишеност, величественост, милост, љубов. Ова е наш чин на себеоплеменување и на средината во која живееме, но и презентација на нашите можности во средините каде што настапуваме“ – изјави за GevgelijaNet нашиот соговорник Александар Павловски.

Да се има ваков подстрек од учениците за професорот кој се прости од училишните клупи, а учениците од различни генерации да сакаат уште да работат со него е секако професионален дострел на еден образовен работник.


Раденко скромно изјавува дека целиот живот го посветил на музичката наобразба на децата и е благодарен што тие ја засакале и после завршувањето на школскиот час. Овие реакции на учениците не се случајни. Во текот на својата кариера проф.Костадиновски остварил учества на многу настапи, државни натпревари со училишните оркестри и освоил 12 награди на национално и меѓународно ниво. „Полифонија“ е нов предизвик во кој гледа нови дострели на оваа генерација инструменталисти зошто не чекаат ноти од професорот, сами ги пишуваат, се подготвуваат и гордо настапуваат под знамето на Македонија.

Оркестарот е составен од изведувачи на мандолина, мандолии, гитари и Контрабас. На настапите учествуваат 17 членови, а уште тројца млади тренираат да се приклучат во многузвучниот оркестар „Полифонија“.

Ние им посакуваме уште настапи, уште аплаузи, неуморни музицирања за бис изведби!

Директорот на Интернационалниот мандолински фестивал во Турција испорачува честитки и молба за бис до диригентот на „Полифонија“, Раденко Костадиновски

„Полифонија“ пред гевгелиската публика се претстави по повод денот на Сесловенските просветители, а ќе настапат повторно на програмата на гевгелиското културно лето 2024, па можете да се уверите во сето изречено и напишано.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Отворена изложбата „Д-р Сингер, народен лекар“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Next Post

Спасовден, заштитник на Гевгелија!

Next Post
Спасовден, заштитник на Гевгелија!

Спасовден, заштитник на Гевгелија!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Гастрономското патешествие на Шеф Марк во Гевгелија

ВИДЕО: Гастрономското патешествие на Шеф Марк во Гевгелија

1 година ago
СВЕТА  Архиерејска литургија по повод 2 години од преосветувањето на Црквата „Св.Кирил и Методиј“ Гевгелија

СВЕТА Архиерејска литургија по повод 2 години од преосветувањето на Црквата „Св.Кирил и Методиј“ Гевгелија

2 години ago
Поделени 120 хуманитарни пакети од Гевгелиските цркви

Поделени 120 хуманитарни пакети од Гевгелиските цркви

2 години ago
ЧЕСТИТ 23 МАЈ – НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА!

ЧЕСТИТ 23 МАЈ – НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА!

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • „За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“
  • Почина српска државјанка на летување во Грција
  • ВИДЕО: Невреме во Скопје, во Велес – поројни води низ улиците

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

„За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“

„За нашите мали херои“ – Хуманитарна акција на Фондацијата „Ице Бегов“

јуни 19, 2025
Почина српска државјанка на летување во Грција

Почина српска државјанка на летување во Грција

јуни 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist