петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Отворена изложбата „Д-р Сингер, народен лекар“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Во Скопје, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, три месеци ќе биде отворена и достапна за публиката изложбата за д-р Сингер

јуни 12, 2024
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Отворена изложбата „Д-р Сингер, народен лекар“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
0
SHARES
309
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со 37 години реализирана докторска дејност во општина Гевгелија во послевоена Југославија кога Гевгелија ги опфаќала и сегашните општини Богданци, Дојран и Валандово, д-р Александар Сингер го заработи епитетот „народен лекар“ меѓу гевгеличани.

Со таков наслов „Д-р Александар Сингер, народен лекар“ завчера беше отворена изложба на овој посветен лекар за пациентите кој од Хрватска доброволно дојде да лекува во Гевгелија во далечната 1946 година.

Related posts

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Вакво нешто на почит требаше да му направи и Гевгелија, но Сингер и неговиот живот имаат пошироки вредности за човештвото, со преживеаниот холокауст – масовното систематско убивање на околу шест милиони европски Евреи, во текот на Втората светска војна, од страна на нацистичкиот режим во Германија, предводен од Адолф Хитлер, со што неговиот живот стана приказ на човековото преживување, лекарска посветеност и хуманост. Затоа доби простор за презентација на неговиот живот во една државна но и светски поддржана институција во рамките на „Фонд на холокауст“.

Дрвото на животот на Сингер од Војводина, Хрватска, до Гевгелија
Отварањето на изложбата привлече бројна публика во Меморијалот

Сингер потекнуваше од еврејско семејство кое од Војводина се преселило да живее во Хрватска. Роден е во Војводина на 22.02.1914 година и таму го завршил своето основно и средно образование, а дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград во 1939 година. Со почетокот на ВСВ тој е заробен од страна на фашистите на 27 годишна возраст. Но, медицината, лекарското знаење, потребата од лекарска пракса во логорите го спасиле да не заврши во некои од гасните комори на холокаустот. Ја преживува војната, го преживува заробеништвото и се враќа во Хрватска, каде во 1946 година дознава дека во Гевгелија нема медицински кадар и доброволно се пријавува во тогашното Министерство за здавство во Хрватска да работи во овој крај од тогашна ФНРЈугославија.

Куферот на Александар Сингер со кој допатувал во Гевгелија

И овде во Гевгелија, во гевгелиската болница го помина и професионалниот и голем дел од својот личен живот кој го заврши на 83 годишна возраст на 2 април во 1996 година.

Во Гевгелија беше лекар од иницијатива – го формираше Интерното одделение во тогашната болница, познат е дека ја искоренил маларијата што го зафатила и овој крај, сам се доизградувал професионално, се едуцирал читајќи медицински книги, ги имал над 5.000 на број и сите ги оставил како наследство на гевгелиската болница.

Медицинските апарати кои ги користел д-р Сингер: докторската ташна, апарат за мерење притисок, стетоскоп… изложени во Меморијалот на холокаустот во Скопје

– „Д-р Сингер долго време бил единствен лекар во Гевгелија. Во периодот од 1946 до 1952 година неуморно ги лекувал жителите на Гевгелиско-Валандовскиот крај, а тоа е период кога маларијата, стомачниот тифус, туберкулозата и сите детски заразни болести биле во подем. Сингер бил народен лекар во вистинска смисла на зборот, неговите дијагнози биле сигурни, несебично им помагал на сите, понекогаш дури и финансиски, и никогаш не посегнал по материјални привилегии, и токму затоа и го сакале неговите сограѓани“ – стои во посветата на изложбата во Меморијалниот центар на холокаустот на евреите во Македонија.

Сингер беше лекар кој за потребите на пациентите знаеше да користи и запрежна кола со волови за да стигне до некое село да породи родилка. Го покриваше реонот на сегашниот територијален атар на општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Сингер беше пасиониран шахист и оснивач на шаховскиот клуб во Гевглија – неговиот шаховски арсенал има посебно место во изложбата
Ордени, плакети и признанија доделени за д-р Александар Сингер во текот на животот

На отворањето на изложбата присуствуваше семејството Јаневи од Гевгелија каде повеќе години Сингер бил подстанар, а на публиката ѝ се обрати Јордан Јанев –Дане. Изложбата ја отвори м-р Жаклина Мучева.

Акаденскиот уметник Јорда Јанев од Гевгелија се грижеше за д-р Сингер до крајот на неговиот живот

Изложбата за д-р Сингер ќе биде отворена и достапна за публиката до крајот на август 2024 година. Поставката се наоѓа во изложбениот дел на Меморијалниот центар, втор спрат. Работно време: Вторник – Петок , 09:00 – 19:00/ Сабота и Недела, 09:00 – 15:00 часот.
Дизајнот на изложбата е дело на Розалинда Трајкоска.

Еден живот со воена голгота, секојдневен приказ на смртта, победа над холокаустот и посветена професионална кариера од речиси четири децении во Гевгелија. Затоа Гевгелија го сака и цени и не го заборава својот народен лекар – Д-р Александар Сингер!

Доктор господин, секогаш дотеран со машна пеперутка
ShareTweetShareSend
Previous Post

Близу 800.000.000 евра потрошиле граѓаните во македонските казина и обложувалници

Next Post

Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција

Next Post
Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција

Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

МВР: Малолетничките од струмичко се пронајдени на булеварот Борис Трајковски

МВР: Малолетничките од струмичко се пронајдени на булеварот Борис Трајковски

2 години ago
Ледена уметност во Дојран

Ледена уметност во Дојран

2 години ago
Пејачката група „Распеани Гевгеличани“ гостуваше во емисијата „Качамак“ на ТВ Сител

Пејачката група „Распеани Гевгеличани“ гостуваше во емисијата „Качамак“ на ТВ Сител

2 години ago
ФК „Кожув“ генерација 2013 на турнирот  „New stars cup 2023“

ФК „Кожув“ генерација 2013 на турнирот „New stars cup 2023“

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist