Со културна програма означен почетокот на туристичката сезона во Дојран, но заедно со песната и гостите, на почетокот на туристичката сезона дојдоа и гужвите.
Вчера на платото под јаворите, до градскаа плажа во Стар Дојран беше свечено одбележан почетокот на туристичката сезона 2024 со културна програма на која настапија локални изведувачи, „Распеаните Дојранчани“.
Програмата ја следеа бројни гости, туристи, пензионери, посетители на Дојран. Во текот на денот нашата редакција забележа и бројни туристи од Србија кои попладнето ги запоседнаа угостителските објекти познати по дојранската риба и гурмански специјалитети.
Патот до Дојран е посаден со леандри, ама дојранчани уште си ја пеат песната за момата Каранфила, со која ги дочекаа бројните посетители, во текот на верашниот ден под јаворите.
Денеска, сабота, 15 јуни, дата позната по туристичките смени, на патот Р 1105 е гужва. Претпладнево колоните автомобили достигаа од Граничниот премин „Дојран“ до Калдрмата во Нов Дојран. Застој имаше и на главната улица во Стар Дојран, која сепак е излезен пат до Граничниот премин Дојран-Дојрани кон Р. Грција.
Освен туристичкиот налет, застојот е предизвикан и од одржувањето на Националното првенство во триатлон во Дојран, па дел од патната делница е тркачка траса за учесниците на триатлонот.
Се’ на се’ полн викен со настани во Дојран. Ако сте таму ќе уживате во сонцето, спортскиот настан, свежината од Дојранските води и гурманските изенадувања на тамошните угостители.
Убава сезона им посакуваме на дојранчани.