Библијските сестри Maрта и Марија се всушност и сестри на Лазар, кој го проповедаше Евангелието по Вознесението на Христос.
На шестиот ден пред Велигден тие биле прислужнички кај Симон каде гостувал Христос, па Марта се окупирала околу подготовката на вечерата и послужението, а Марија помислила дека „Останато може да почека, Исус е тука и јас ќе му го посветам моето време“.
Исус одржал проповед за „Единственото што е потребно“.
По вознесението на Исус Христос Св.Лазар и неговите сестри го проповедале Евангелието на Христа.
Остануваат дискусиите која од сестрите правилно постапила: Марта која го служела Христос, или Марија која ја сослушала и примила неговата евангелиска мисла.
И покрај својата емисарска улога и двете сестри починале во мир, не се знае каде и кога.
Наравоучението е: сослушајте го секој гостин внимателно, можеби тој ви ја носи животната мудрост. Не е секогаш најважно да изнесете се’ што имате за послужување на астал, само за да се покаже богатството на куќата.
Среќен именден на сите Марии и Марти!