Два тима од подмладокот на ФК „Кожуф“ Гевгелија генерација 2012 и генерација 2013/14 од петокот до неделата (14-16.06.2024) беа учесници на меѓународниот турнир „Elite Youth Tournament“ што се одржа во Катерини, Р. Грција.
Конкуренцијата ја сочинуваа 100-на подмладоци од реномирани спортски клубови како Лидс Јунајтед, АЕК, Депортиво ЛаКоруња, Црвена Звезда, домаќинскиот Паок.
Десетгодишни фудбалери на гевгелиски „Кожуф“, генерацијата 2013/14 ФК од вкупно 48 екипи во оваа категорија стигнаа до 1/4 финале каде што единствениот изгубен натпревар беше на пенали од домашната екипа која заврши на 2 место. Првото место го освои домашниот тим, подмладокот на „Паок“.
Нашата екипа од вкупно 11 одиграни натпревари успеа да ја затресе мрежата на противничките тимови 23 пати постигнувајќи исто толку голови, а примија само 2 гола, што покажува дека биле вредни и прецизни во спортските дуели.
На турнирот исто така настапија и децата фудбалери од генерацијата 2012 што ги предводи тренерот Трајче Ников. Тие на теренот играа против „Лидс Јунајтед“, „АЕК“, „Депортиво Ла Коруња“, „Црвена Звезда“ итн.
„Кожуфските“ 12 годишни фудбалери играа со резултат од 1:0 против „Лидс Јунајтед“, а тие станаа шампиони на крајот од турнирот. Но, некаде во пласманите ја изгубија шансата за освојување пиедестал.
Тимот на ФК „Кожуф“ 2012 под водство на тренерот Трајче Ников, го сочинуваат: Душан Петров, Филип Лазаров, Стефан Петровски, Костантин Танчевски, Јован Проданов, Мартин Димитров, Леонид Стоев, Михаил Каспаров, Антонио Митров, Ѓорѓи Петров, Ристе Андреев, Виктор Митренцев, Иван Чавдаров и Јован Карагонов.
Тимот на ФК „Кожуф“ генерација 2013/14 го предводи тренерот Цуклев Ангел, а во составот се: Димитров Кристијан, Цуклев Илија, Панајоту Тео, Шаренкови Марко, Ушинов Горан, Бојков Саше, Велевски Филип, Папучиев Ѓорѓе, Петровски Матеј и Делев Андреј.
Нашите претставници изјавуваат дека искуството за младите сили на „Кожуф“ е корисно, можноста да ги соочат своите фудбалски вештини со деца тренирани на големите терени од реномирани фудбалски клубови. Оценуваат дека имало: „Одлична организација. Се играше на терени во Катерини и Своронос (првото село до Катерини) на 3 локации со по 6 терени. Се’ вкупно 19 игралишта на располагање на младите фудбалски сили на „Елитниот младински турнир“ во Грција „Elite Youth Tournament“.
Ете, и ние им честитаме за меѓународното учество и реализираната игра на терен!