вторник, 20, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

ФК „КОЖУФ“ ген.2011/12 – пласман на 9 место на меѓународен турнир во Грција

Нашите надежни фудбалери беа први во својата група „Г“, се пласираа со 5 победи во „Golden“ групата, ги победија дури и „Лидс Јунајтед“ од Англија и се изборија за 9-то место помеѓу 56 подмладоци на елитни тимови од Европа. БРАВО!

јуни 18, 2024
in МОЗАИК, СПОРТ
ФК „КОЖУФ“ ген.2011/12 – пласман на 9 место на меѓународен турнир во Грција
0
SHARES
338
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Нашите млади фудбалски сили од ФК „Кожуф“, родени 2011 и 2012 година во заеднички тим предводен од тренерот Трајче Ников во силна меѓународна конкуренција се пласираа на 9-то место на „Elite Youth Tournament“ што се одржа во Катерини, Р.Грција.

Тренерот Ников вели дека ова е најреспектабилен собир на елитни тимови од Европа, нивните подмладоци и настапот на „кожуфци“ е големо искуство за децата фудбалери, но и голем дострел за нив во ова спортско друштво на елитни млади фудбалери.

Related posts

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025
Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

мај 18, 2025

Гевгелиските 12 и 13 годишни фудбалери ги вкрстија копачките со победникот на турнирот, екипата на „Leeds Utd“ од Англија, со кои што се изборија за резултат 1:0.

  • „Нашиот тим играше во Групата „G“ каде што го освоивме првото место, пред славниот „Лидс Јунајтед“ од Англија, со 5 победи и само еден изгубен натпревар. За напомена е дека „Leeds Utd“ го освоија турнирот без порази понатаму, освен поразот кој го доживееја од екипата на ФК „Кожуф“ 2011/12 од Гевгелија“ изјави за GevgelijaNet  тренерот Ников.
ФК „Кожуф“ Гевгелија ген.2011/12 со својот тренер Трајче Ников на турнирот „Elite Youth Tournament“ во Грција

– „Со тоа се пласиравме во „Golden“ групата, заедно со „Crvena Zvezda“ и „АЕК“ од Атина, каде што го освоивме третото место“ – додава Ников.

– „Загубивме од „Crvena Zvezda“ со 3:0 и последната од „АЕК“ Атина со 1:0 каде што нашите деца беа многу подобар противник, но на крајот немаа среќа. Овој натпревар беше пренесуван од страна на организаторот во живо на нивниот youtube канал“ – потенцираше Ников за интересот на натпреварот кои тие го одиграа со атинскиот клуб.

Се’ на се’, од 56 екипи учеснички на турнирот од ова возрасна група 2011/12 во извонредно јака конкуренција, помеѓу реномирани фудбалски подмладоци на познатите тимови „Leeds Utd“, „Crvena Zvezda“, „АЕК“, „Panatanaikos“, „PАОК“, „Volos“, „Olimpijakos“, „Deportivo La Korujna“ и многу други фудбалски школи и клубови нашите деца од „Кожуф“ 2012/12 го освоија 9-то место.

Трајче Ников – тренер

– Ова е голем успех за нас. Прв пат учествуваме на ваков тип на турнир со толку голем број на учесници. Секоја чест за дечињата што се носеа рамо до рамо со многу други познати екипи и секако, ќе ја паметат победата која ја освоија над англискиот тим „Leeds Utd“, победа за сеќавање за цел живот, бидејќи навистина беа најјак тим, што се покажа и на крајот со освојувањето на победничкиот трофеј од турнирот“ – беа пофалните зборови што ги искажа задоволниот тренер Ников од младите фудбалски надежи на „Кожуф“.

Тимот на ФК „Кожуф“ под водство на тренерот Трајче Ников, го сочинуваат: Душан Петров, Филип Лазаров, Стефан Петровски, Костантин Танчевски, Јован Проданов, Мартин Димитров, Леонид Стоев, Михаил Каспаров, Антонио Митров, Ѓорѓи Петров, Ристе Андреев, Виктор Митренцев, Иван Чавдаров и Јован Карагонов.

Честитки за напорот и за пласманот на 9-то место меѓу елитните клубови на Европа „Elite Youth Tournament“!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Концерт „Фолклорна приказна“ на ансамбл „Бојмија“ Гевгелија

Next Post

Две сообраќајки во еден ден на подрачјето на ОВР Гевгелија

Next Post
Две сообраќајки во еден ден на подрачјето на ОВР Гевгелија

Две сообраќајки во еден ден на подрачјето на ОВР Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Почина Светлана Броз, внука на југословенскиот претседател Тито

Почина Светлана Броз, внука на југословенскиот претседател Тито

2 месеци ago
Тројна победа на републиканците: Трамп со „моќен мандат“ се враќа во Белата куќа

Тројна победа на републиканците: Трамп со „моќен мандат“ се враќа во Белата куќа

6 месеци ago
Два медала и Специјална Екипна награда на трката „Кaterini Run 2024“ за АК „7-ми Ноември“ Гевгелија

Два медала и Специјална Екипна награда на трката „Кaterini Run 2024“ за АК „7-ми Ноември“ Гевгелија

1 година ago
„Принцезата од Милци“ претставена на изложба во Чикаго

„Принцезата од Милци“ претставена на изложба во Чикаго

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци
  • Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција
  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist