МВР известува за две тешки сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден, кои се случиле на теренот во надлежност на ОВР Гевгелија.
Првата сообраќајна се случила на регионалниот пат 1401 во валандовско, а втората на регионалниот пат 1109, обиколница Богданци.
Во извештајот на МВР стои наведено дека:
На 17.06.2024 во 13:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу село Страниште и „Марвинска клучка“, кај село Брајковци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.А.(50) од село Балинци, валандовско и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(35) од село Марвинци, валандовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Втората сообраќајна несреќа се случила исто на 17.06.2024, а пријавата е регистрирана во 19:55 часот во Полициската станица Гевгелија.
Било пријавено дека на регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(62) од Богданци и патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(36) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од Богданци Б.Г., а возачот З.М. од Скопје се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.