Сојузот на математичари на Македонија и’ додели прва награда на ученичката Бојана Мазнова од ООУ “Кочо Рацин” од Дојран на вчера одржаната математичка работилница при Школата за математичари.
Натпреварот се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Темата на работилницата беше „СОМА сложувалка“ која учениците сами ја изработија и потоа составуваа фигури според дадена слика. Организиран беше натпревар на кој победи Бојана Мазнова, V-то одделенка од Дојран.
Бојана доби Сертификат за посета на Школата на математичари и признание за освоената награда.
Честитки умнице!