Упорната ултимативна спортистка Валентина Узунова со своите 57 години возраст ги урива границите на спортот кај нас. Викендов на предизвикот „Krushevo Trail Challenge“ истрча три посебни трки кои заедно сочинуваат една цела маратонска траса од 42,2 километри.
Се трчаа трките:
– „Alto Trail“ – шумска трка во сабота наутро – во должина од 13 km
– „Крушево ноќна трка“ – во должина од 8 km, и
– „Krushevo Trail Polumaraton“ – недела наутро, со траса од 21,1 km со висинска разлика од 1030 метри.
Валентина ги истрчасите три трки на 15 и 16 јуни годинава со вкупно време од 3:16:26 часа. Тоа и го обезбеди 5-то место во севкупен пасман.
Инаку Валентина Узунов (родена 1966 година) беше највозрасната учесничка на трките во Крушево. Таа пристига 5-та во севкупна конкуренција, со збирен резултат од сите три трки, но зад себе остави уште 7 помлади учеснички, 16 до 20 години полади од неа, родени 1974 па се до 1997 година. За спортската спремност важни се годините, младоста, мускулите полни енергија, но ете Валентина им пркоси на годините, стереотипите и на своите мускули со активен спорт не им дава да стареат.
Валентина има учествувано на „Krushevo Trail Challenge“ и во 2022 и во 2023 година и освои второ место (2022), и трето место минатата година.
Еве ја со освоената награда за 5-то место.
Инаку, ако се земе предвид старосната категорија на Валентина 55+ таа е сигурно прва во својата категорија.
Оваа неуморна спортистка, член на АК „7 Ноември“ од Гевгелија како и до сега својот спортски настап во Крушево го посвети на болните од Пулмонална хипертензија, за нивна видливост и потребата од лек за здив.
– „Да победат во нивната трка со болеста .. трка за право на нормален живот“ посака Валентина на крајот од трката истакнувајќи го знамето и логото на ПХ пациентите.
Прва меѓу женските учеснички беше Радмила Јованова од клубот „TREX“ со време од 3:02:51 часа.
Кај мажите најдбро време постигна Никола Илиевски (роден 1992), од PSK „Stratus“ со време од 2:04:45 часа.
Честитки за јужната маратонка и ултимативна спортистка Валентина!
Да слушаме и читаме за уште нови спортски успеси!