Попладнево изби пожар над село Марвинци општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар.
Гори сува трева и прнар. На терен се излезени три ПП возила и 8 пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија кои учествуваат во гаснењето на пожаот со едно противпожарно (ПП) возило и 3 пожарникари.
Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во близина на пожарот има штали. Огнените јазици стасале на 100-на метри од најблиските куќи. Граѓаните помагаат во акцијата со сечење и чистење на вегетацијата до објектите кои можат да бидат опожарени и да го засилат огнот.
Во моментот има уште еден активен пожар на територија на општина Валандово во село Чалаклија. Гори сува трева и пожарникарите се на терен. Поради поголема опасност, акцент се става на првиот пожар.