Најмалку 550 муслимански аџии од Египет, Јордан, Индонезија, Иран и Сенегал починале за време на извршување на овогодинешниот аџилак во Мека од топлотен удар, а илјадници други побарале лекарска помош поради колапс од високите температури, објави „Гардијан“.
Како што информираат дипломатски извори на Саудиска Арабија, меѓу загинатите има најмалку Египќани (323 лица) и најмалку 60 Јорданци.
Саудискиот национален метеоролошки центар соопшти дека температурата во Големата џамија во Мека во понеделникот достигнала 51,8 Целзиусови степени.
Повеќе од еден и пол милион муслимански верници минатата недела пристигнале во Саудиска Арабија за да присуствуваат на овогодинешниот аџилак во Мека и Медина.
This is the holiest place in Islam, yet you see Muslim pilgrims throwing trash everywhere. There are dead bodies around, and some are eating as if nothing is happening. It seems that rituals are more important than human beings!
pic.twitter.com/e234464fbC— Brother Rachid الأخ رشيد (@BrotherRasheed) June 18, 2024
Саудиските власти постојано ги советуваат аџиите за време на извршување на обредите да користат чадори, да пијат многу вода и да избегнуваат изложување на сонце во најжешките часови од денот. Но, многу од ритуалите, особено за време на молитвата на планината Арафат, вклучува поминување неколку часа на отворено во текот на денот.
Аџилакот се одржува еднаш годишно во Мека и Медина, најсветото место за муслиманите. Секој возрасен муслиман што е во можност треба да го изврши петдневниот ритуал барем еднаш во текот на својот живот, доколку тоа го дозволуваат нивните здравствени и финансиски услови.
#Watch: Hajj 2024: Extreme Heat in #Mecca Claims Over 550 Lives, Including 5 Kashmiri Women Pilgrims pic.twitter.com/YtjN3zvTre
— Greater Kashmir (@GreaterKashmir) June 19, 2024
Дозволите за Мека се доделуваат врз основа на квоти по земја. Но, секоја година десетици илјади аџии се обидуваат да го извршат аџилакот без да обезбедат официјални визи со цел да заштедат пари. Тоа се смета за опасен потфат, затоа што овие аџии не се запишани на официјалните списоци и не можат да пристапат до климатизираните објекти, обезбедени од саудиските власти, вдолж маршрутата на аџилакот.
Според дипломатски извори, бројот на загинати аџии е зголемен поради бројот на нерегистрирани аџии.