Како започнува денот на една активна инфлуенсерка дома и на социјалните мрежи, дознаваме од „плавушата“ Добрилка, единствениот засега женски лик од бројните скеч улоги на гевгелискиот хуморист Дејан Малзарков и екипата на „Диверзија“.
Што ќе научите од Добрилка? Па, пред се’ тука има совети за хигиена, натпреварувачки дисциплини, социјални контакти … и дека денеска за ручек дома имаат грав, („фасуљ“ по гивгилијски).
Без навреди, ова сепак е само хумор за забава.