вторник, 3, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Духовденска задушница – гевгеличани ја испочитуваа и во топлиот летен ден

Денот посветен за мир и покој на починатите Духовденска задушница, гевгеличани ја испочитуваа и денеска со посета на гробните места на своите блиски кои веќе не се на овој свет

јуни 21, 2024
in ФОКУС
Духовденска задушница – гевгеличани ја испочитуваа и во топлиот летен ден
0
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Денот посветен за мир и покој на починатите Духовденска задушница, гевгеличани ја испочитуваа и денеска со посета на гробните места на своите кои веќе не се на овој свет.

На денот на Задушница, се посети црковниот храм Св.Спас, каде се одржа света литургија и панихида, на која свештеникот ги прели житата со вино, а по завршувањето на службата, се посетија гробовите на починатите. Се палеа свеќи на гробовите, а свештеникот отслужи парастоси за помен.

Related posts

Ученичката Скајлер од ООУ во Негорци – ПРВА награда на литературен конкурс

Ученичката Скајлер од ООУ во Негорци – ПРВА награда на литературен конкурс

јуни 3, 2025
Тешка сообраќајна несреќа во с.Мрзенци

Тешка сообраќајна несреќа во с.Мрзенци

јуни 2, 2025

Вообичаено се носи варена пченица и во црквата и на гробиштата, што нè потсетува на Христовите зборови дека житото носи плод само кога ќе умре, и тоа не во темница, туку во светлината на сонцето. Црвеното вино, со кое свештеникот го полева житото, ја означува Божјата милост со која се лекуваат раните на гревот.

Бидејќи ова е денот кога посебно внимание се посветува на распределбата на милостина, задолжително е да се дава милостина на секој просјак што ќе го сретнеме и да дадеме дел од храната што сме ја зеле со себе. А, такви посетители имаше и денеска на гробиштата во Гевгелија и беа послужени од принесеното, иако не ги познаваат покојните.

Црквата препорачува оние кои не се во можност да одат на гробиштата поради оддалеченоста, треба да одат во најблискиот храм и да извршат помен за своите покојни.

Духовденска задушница е сабота пред педесетница, па вакви парастос помени ќе се извршат и утре, сабота 22 јуни во 08:15 часот до 10:15 часот.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Загина 30-годишна македонка во сообраќајна несреќа во Грција

Next Post

ВИДЕО: Гевгелиските пензионери пеат и пленат

Next Post
ВИДЕО: Гевгелиските пензионери пеат и пленат

ВИДЕО: Гевгелиските пензионери пеат и пленат

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Николчо Петров – нов член на Советот на општина Гевгелија

Николчо Петров – нов член на Советот на општина Гевгелија

12 месеци ago
Лишен од слобода крадец од Богданци

Лишен од слобода крадец од Богданци

2 години ago
Авто подготовки некогаш во Гевгелија

Авто подготовки некогаш во Гевгелија

10 месеци ago
Петти ден гори кај Кованец, гевгелиско

Петти ден гори кај Кованец, гевгелиско

11 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Ученичката Скајлер од ООУ во Негорци – ПРВА награда на литературен конкурс
  • Тешка сообраќајна несреќа во с.Мрзенци
  • Мис на светот 2025 – крунисана е Mис Тајланд, Опал Сучата Чуангсри

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Ученичката Скајлер од ООУ во Негорци – ПРВА награда на литературен конкурс

Ученичката Скајлер од ООУ во Негорци – ПРВА награда на литературен конкурс

јуни 3, 2025
Тешка сообраќајна несреќа во с.Мрзенци

Тешка сообраќајна несреќа во с.Мрзенци

јуни 2, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist