Топлото време бара лесна храна и избегнување на престој под сонце, а планискиот готвач од Гевгелија има рецепт по мерка за овие летни горештини.
Идеална комбинација за овие услови се ладовините на Кожуф, а планинскиот готвач Џоко Ризов од Гевгелија има и вкусен предлог за лесен ручек – пржен крап и млади компирчиња.
Се’ е природно, и водата, и дрвената даска за готвење, и домашното брашно, и домашниот готвач Џоко.
За овој рецепт не мора да сте махер за готвење, важно е на време да ги превртите парчињата крап за да заруменат и од другата страна.
Се сервира под сенките на Кожуф, по течението на Дошница, се ужива цел ден.
Може да го примените рецептот и во домашното дворче, да уживате со семејството, или да го спремите рецептот за попладневна дружба со пријателите.
Добар апетит!