Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, информираат од Центарот за управување со кризи. Нема имформации за повредени лица, соопшти ЦУК.
По невремето кое вечерва го зафати Скопје, има бројни пријави за паднати дрвја, поклопени автомобили, одвеани покриви…
– „Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции“ – додаваат од ЦУК.
Невремето во државата започна попладнево најпрво во севорозападниот дел од државата, во Полог, а се движеше кон исток.
Во текот на денот попладнво силно невреме го зафати Тетово и околината. Од ЦУК информираат дека големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот. Силниот ветер и градот направиле штети на земјоделските култури и овошните насади, но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила…).
Во поплавена куќа во општина Јегуновце во с. Сиричино има заглавено семејство. Тетовската ТППЕ работи на нивно извлекување, јавуваат од ЦУК.