Фирмата „Жикол“ ДООЕЛ Струмица е избрана за најповолен изведувач на градежните работи на објект: „Реконструкција со проширување на регионален пат Р-1109 делница Понов мост – влез во Богданци“.
Од денеска понеделник 24.06.2024 година е поставен времен режим за одвивање на сообраќај.
На делницата се поставува соодветна сообраќајна сигнализација и се молат возачите да ја почитуваат истата.
Овој проект започна со изведба пред 3-4 години, но работите застанаа поради потребата од проширување на делницата и наидување на нерешени имотни прашања со сопствениците на околните земјоделски површини.
Оваа делница е главен излез на Богданци и селата, како и општините Дојран, Валандово и Струмица за излез од Македонија преку ГП „Богородица“ и претставува високофреквентен регионален пат не само на автомобили, туку и на тешки товарни возила, подари што патот со годините имаше потреба од проширување и реконструкција.
За новиот почеток на работите на реконструкција на овој пат денеска се огласи и градоначалникот на Богданци, Благој Шапов кој воедно посака и Аирлија работа!
Јавниот тендер за избор на најповолен изведувач на овој важен инфраструктурен проект за овој регион беше огласен точно пред една година.