Вчера претпладне, на 25.06.2024 во 10:50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија.
Полицијата извршила претрес по наредба од Основен суд Штип во домот каде престојувал М.А.во Штип. Овде била затекната како присутна и гевгеличанката Ќ.А.. При претресот биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела грутчеста материја и мобилен телефон.
МВР јавува дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.