Гевгелија денеска го доби Младинскиот државен првак во шах – тоа е 16 годишниот ЕФЕ ИБРАИМОВ од Гевгелија.
На одржаното Државно првенство во шах кое се одржа од 23 до денеска 29 јуни во Струмица младиот шахист од Гевгелија освои најмногу поени и беше прогласен за Државен првак на Македонија во категорија до 16 години.
По одиграни 8 кола, тој освои 5.5 поени и заслужено стана Шампион на Македонија за 2024 година.
– „Ова е голем успех, како за Ефе, така и за нашиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија и ќе резултира со негово учество на Светското младинско првенство“ – велат од гевгелискиот Шаховски клуб.
Златен медал, победнички пехар, диплома за МЛАДИНСКИ ДРЖАВЕН ПРВАК и учество на СВЕТСКО Младинско првенство во шах е брилијантниот резултат на овој млад шахист од Гевгелија.
Ефе е ученик и веќе оди по стапките на најпознатиот шахист од Гевгелија Венци Попов кој беше трикратен Младински првак на Македонија од Гевгелија.
Неговиот успех е дотолку поголем што само за два месеца од носител на трето место во Државно екипно првенство за млади, одржано во април годинава, тој се искачи на Победничкиот пиедестал и стана Младински Државен првак.
Младинските шахисти од Гевгелија освоија ТРЕТО место на државно првенство во Македонија
ШК „7 Ноември“ од Гевгелија на ДП во шах, што заврши денеска во Струмица, освои Бронзен медал во екипно првенство.
Останатите членови на тимот на младински шахисти од Гевгелија учесници на ДПШ беа: Илија Велков до 16 години, Кристијан Кавазов и Филип Видичек до 14 години и остварија солидни резултати и добри настапи.
Честитки за вредната и успешна гевгелиска екипа младинци шахисти!
Честитки за младинскит првак ЕФЕ и СРЕЌНО на СВЕТСКО !