четврток, 18, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Ново Конско, село без продавница

Жителите на гевгелиското поткожуфско село Ново Конско не можат да се пофалат дека се дел од светот и новото време на потрошувачко општество

јуни 29, 2024
in ФОКУС
Ново Конско, село без продавница
0
SHARES
951
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во ерата на потрошувачката еуфорија, пазарната пропаганда, експлозијата од понуди и реклами за нови производи на пазарот, жителите на гевгелиското поткожуфско село Ново Конско не можат да се пофалат дека се дел од светот и новото време.

Старата селска продавница е повеќе од две години затворена. За тоа сведочат рекламите за понуди на сладолед истакнати на прозорот од продавницата, дека овде доаѓале деца, со 10 денарка во џеб да се разладат и насладат на сладоледот од најблиската селска продавница.
За нефункционалноста на продавницата зборува и катанецот на вратата, несредениот пристап, царството на пајажини, влез обраснат со треви и секако изјавите на тамошните жители.

Related posts

Ана Брзанова –  меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

септември 17, 2025
По тешка сообраќајна несреќа  кај с.Богородица почина Саше Франгов

По тешка сообраќајна несреќа кај с.Богородица почина Саше Франгов

септември 15, 2025

Жителите на Ново Конско за секоја своја најобична потреба треба да одат до градот Гевгелија за да ги купат потребните намирници за живот. Шеќер ќе купат можеби еднаш во месецот, макарони еднаш во неделата, пијалоци се пијат секој ден…. а леб, како се снаоѓаат за леб..

Е, ова е тоа што подолго време ги нервира жителите на Ново Конско. Тие повеќе од две години купуваат леб од доставувач што доаѓа од понеделник до петок, а за сабота и недела да се снаоѓаат. И лете, и зиме, и на дожд, и на снег, и кога ветрот беснее под Кожуф тие наутро во осум часот го чекаат комбето со леб. Некогаш е на време, а некогаш знае и да доцни.

Жители на Ново Конско прекланската зима како чекаат за леб
Комбето се леб и ден денеска носи леб во с.Ново Конско, само леб и ништо друго

Некои од жителите на Ново Конско се стари и немаат кого да пратат да чека за леб, некои се родилки и не можат да ги напуштат децата за да чекаат леб, а домашните кои одат на работа во градот најповеќе користат фабрички превоз кој не застанува во маркет за работниците да се вратат дома со купен леб и намирници.

Жителите на Ново Конско и денеска го дочекаа доставувачот на леб пред селската затворена продавница

Продавницата се наоѓа на влезот од селото каде има поставен нов детски парк. До неа е Културниот дом кој исто така е нефункционален и заклучен, без никави активности во него. Активна е само автобуската постојка каде се паркира и комбето за леб.

Затворената селска продавница, затворениот Дом на култура, Детскиот парк во Ново Конско, гевгелиско

Објектот на продавницата припаѓа на локалната самоуправа и таа треба да огласи нејзино издавање под закуп за да може истиот да се стави во функција.
Изборите завршија, веќе нема правна пречка за огласување, па жителите на Ново Конско се надеваат на брзо решение.

Според последниот попис од 2021 година во с.Ново Конско живеат 168 граѓани. После војната во 1953 година ова село броело и 296 жители, а во 1981 има 219 жители, па со развојот на индустријализацијата голем дел од младото население професионално и работно се ефектуира во градот Гевгелија каде основаат дом и семејство и во други места од државата и странство.

Во периодот кога почнавме да слушаме за депопулација, иселување на младите, прекуокеанска миграција, треба да ги слушаме потребите на граѓаните дома, за да не станат граѓани во некој туѓ свет.

Ново Конско овој месец доби осветена селска црква
ShareTweetShareSend
Previous Post

ЈОВАНА ДУПАРОВА е ПРВЕНЕЦ на генерација за учебната 2023/24

Next Post

ЕФЕ ИБРАИМОВ од Гевгелија – МЛАДИНСКИ ДРЖАВЕН ПРВАК во шах

Next Post
ЕФЕ ИБРАИМОВ од Гевгелија – МЛАДИНСКИ ДРЖАВЕН ПРВАК во шах

ЕФЕ ИБРАИМОВ од Гевгелија - МЛАДИНСКИ ДРЖАВЕН ПРВАК во шах

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Доделени сертификати за згрижувачки семејства во Гевгелија

Доделени сертификати за згрижувачки семејства во Гевгелија

2 години ago
ПРВИОТ ТЕЛЕВИЗОР ВО ГЕВГЕЛИЈА

ПРВИОТ ТЕЛЕВИЗОР ВО ГЕВГЕЛИЈА

2 години ago
Гевгелиската матурантката Златка Петрова – првенец на генерација 2019/2023

Гевгелиската матурантката Златка Петрова – првенец на генерација 2019/2023

2 години ago
Вечерва ќе се врши прскање против комарци во Гевгелија

Вечерва ќе се врши прскање против комарци во Гевгелија

3 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning
  • Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“
  • Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

септември 17, 2025
Ана Брзанова –  меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

септември 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist