Во Давидово, во тек се градежните активности за реконстркукција на спортското игралиште во дворот на подрачното училиште, кое работи во состав на ООУ „Климент Охридски“ од Миравци.
Изведбените работи започнаа со поставување тартан-подлога, а зафатот предвидува и поставување завршна тартан-подлога, одбележување на игралиштето, реконструкција на головите за фудбал, како и поставување нов кош за кошарка.
Комплетирањето на подлогата и спортската опрема на игралиштето ќе придонесе кон активирање на спортските настани во училишните активности, но и воопшто на сите спортски настроени жители од Давидово. Модерен спортски терен ќе може да биде користен за спорт и рекреација на сите граѓани со организирање на турнири, летни спортски настани и друѓи јавни активности на заедницата.
Селото Даводово е на север од атарот на општина Гевгелија. Во него живеат 302 жители според последниот попис и тие заслужуваат да имат модерен спортски терен на кој ќе изведуваат свои спортски настани.
Во општина Гевгелија ова година обновени се три училишни спортски терени: игралиштата во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци. Исто така, целосно ревитализиран е спортскиот комплес „Касарна“ во Гевгелија. На терените е поставена модерна подлога, а обновени се и спортските реквизити, со што на децата и младите им се обезбедени најсовремени услови за спортување.