петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ТППЕ Гевгелија вчера интервенираше на три пожари во еден ден

Два пожара на отворен простор во Гевгелија и Мрзенци пред невремето, опожарена викендица од удар на гром во богданско додека беснееше невремето со поројни дождови и грмотевици

јули 3, 2024
in ФОКУС
ТППЕ Гевгелија вчера интервенираше на три пожари во еден ден
0
SHARES
1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Вчерашното најавено невреме од УХМР со поројни дождови, грмотевици и врнежи од град не беше единствената грижа за жителите на југот. Некои уште пред невремето се соочија со пожари, па и опожарувања од удар на гром.

Екипа на ТППЕ Гевгелија вчера интервенираше на три опожарени локации.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Првата беше во атарот на с.Мрзенци каде гореше дива депонија. Повикот за пожар беше примен во 09.45 часот и едно ПП возило со три пожарникари веднаш се упати на терен за гаснење. Интервенцијата беше успешна, а пожарот целосно изгаснат.

Пожар на улицата што оди до Затворот кај Гевгелија

Втората интервенција на противпожарната единица во Гевгелија беше во 13:40 часот по примена дојава дека гори сува трева меѓу куќите од улица „Никола Карев“ и т.н. улица „Новопланирана“. Жителите во оваа мало беа видно вознемирени бидејќи огнот дивееше токму пред нивните порти. Екипата на ТППЕ Гевгелија учествуваше во гаснењето на пожарот со 2 ПП возила и 6 пожарникари присутни на терен. Пожарот беше целосно ликвидиран.

Третиот пожар настана попладнето, во текот на невремето со поројни дождови и грмотевици. Имено, од удар на гром се опожари викендица во атарот на општина Богданци, во т.н. област „Трнката“ во близина на бензинската пумпа „Шимов“. Екипата на ТППЕ Гевгелија се упати да интервенира на терен по дојавата, некаде во 18 часот со 2 ПП возила и 5 пожарникари, со дотур на вода во текот на интервенцијата. Гореше горниот кат од викендицата.

  • „Беше чудно, дожд врне, кровот гори, а ние гаснеме. Ниту дождот не можеше да ја спаси куќата“ – беше реакцијата на пожарникарите од страотниот пожар по ударот на гром во богданско.

Пожарот е изгаснат. За среќа нема човечки жртви. Штетите се материјални, изгоре горниот спрат од викендицата. Засега нема извештај за претрпената штета, истиот е во подготовка.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Повик за пријавување штети од вчерашното невреме во Општина Гевгелија

Next Post

ЈАВЕН ПОВИК за Субвенции за набавка на велосипед за граѓаните на општина Гевгелија

Next Post
ЈАВЕН  ПОВИК за Субвенции за набавка на велосипед за граѓаните на општина Гевгелија

ЈАВЕН ПОВИК за Субвенции за набавка на велосипед за граѓаните на општина Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Почина маж во сообраќајка во Гевгелија

Почина маж во сообраќајка во Гевгелија

11 месеци ago
УЈП: Преземете ја новата верзија „МојДДВ“ за поврат на 2.100 денари

УЈП: Преземете ја новата верзија „МојДДВ“ за поврат на 2.100 денари

2 години ago
Послепразнични колони за враќање дома

Послепразнични колони за враќање дома

2 месеци ago
Ново Конско, село без продавница

Ново Конско, село без продавница

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025
Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist