Претседателот на Владата на Република Македонија, Проф.др Христијан Мицкоски и Министерот за Локална самоуправа, Златко Перински денеска ја посетија Гевгелија и заедно со претставници а локалната самоуправа го одбележаа почетокот и крајот на два капитални проекти во општина Гевгелија.
Првиот е патниот правец кај Милци кој со поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација ги исполни условите за пуштање во употреба. Должината на истата изнесува вкупно 850 метри со кружен тек, а со чинот на сечење лента денес свечено беше пуштена во употреба.
Реализацијата на оваа делница се одвиваше во две фази, со средства од буџетот на Општина Гевгелија во износ од 18.917.780 денари.
– „Денеска имав можност да бидам дел на пуштањето на еден таков стратешки капитален проект, како што е новиот Булевар кон Граничниот премин Богородица и она кое што е многу значајно што кога почнуваше таа капитална инвестиција да се реализира ние бевме заедно со градоначалникот, пратеничката, со луѓето кои што не поддржуваат, а денеска сме тука со истите луѓе, плус министерот за локална самоуправа, луѓето кои што цело време се наша поддршка, наша инспирација за да работиме во интерес на граѓаните“ – истакна Мицковски во изјава за медиумите во Гевгелија.
Втората дестинација за посета на Премиерот Мицковски беше спортската сала на ДТВ „Партизан“ и одбележување на почетокот на реконструкција на овој објект како мултифункционален спортски простор за гевгеличани.
Вкупната вредност на проектот изнесува 16.377.030 денари, од кои Општина Гевгелија ќе обезбеди 7.776.400 денари, додека Министерството за локална самоуправа преку Биро за регионален развој 8.600.630 денари.
– „Со реконструкцијата на ДТВ Партизан добиваме мултифункционален спортски објект за гимнастика, карате, кик-бокс, пинг-понг, баскет, шах и подобри услови за правилен развој на младите од општина Гевгелија“ – истакна градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов.
Спортистите од Гевгелија веќе искажуваат нескриена радост и честитки за потегот, како Кик бокс клубот„Аждер“ од Гевгелија кој на социјалните мрежи ја сподели оваа објава: