Музичката дива Грејс Џонс синоќа приреди вистинско шоу за публиката во Македонија. Беше полно со воодушевувања, аплаузи, атрактивна костимографија и незаборавка кореоргарија на нејзиното настап, со еден збор уметничко-шоу на музичко-модната икона од Париз.
Сите се прашуваа како Џонс на 76-години успева да врти хулахоп, а таа се симна и меѓу фановите во публиката за да им подаде рака.
View this post on Instagram
„Pop culture icon“, „Fashion Icon“, „Vamp Woman“, „Super Model“ и „Movie Star“ – песни кои звучеа исто како некогаш во изведба на Џонс. Преку нив, Џонс ја раскажа својата приказна помината во Париз, Њујорк, Јамајка..
Главниот спектакл го остави за крај, кога донесе хулахоп на сцената и со неверојатна леснотија непрекинато го вртеше на струкот повеќе од 12 минути, додека изведуваше продолжена верија на „Slave to the Rhythm“ и го претставуваше извонредниот придружен бенд.
Концертот, организиран од „Авалон“, го заврши во стилот на вистинска музичка дива, со соло изведбата на „La vie en rose“.
Концертот го организираше „Авалон продукција“, кои најавија и големи забави на „Охрид колинг“.