Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија издаде АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
- „Денес во делови од Повардарието и на исток ќе биде многу топло со дневна температура насекаде над 30°C, на југоистокот и до 39°C.
ВРЕМЕТО УТРЕ ќе биде СОНЧЕВО и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. UV=9“.
Температурите од утре па до недела на југот ќе се движат од 40 до 41 степен целзиусов измерен под сенка. Жарењето на сонцето со UV=9 ќе предизвика чувство на жештина како да е надвор 45-46 степени.
Се препорачува граѓаните да носат лесна светла облека која не привлекува сончеви зраци, да конзумираат вода и течности, да јадат лесна храна, а хроничните болни редовно да ја користат својата терапија, да не престојуваат на сонце, како и возрасните и трудниците да не престојуваат на сонце од 11 до 17 часот.
Територијата на Македонија се до крајот на оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка и чувството на топлина и жештина ќе биде екстремно присутно. Ова особено важи за југот, гевгелија, Дојран, Богданци, Валандово.
Сепак оваа седмица атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Утре (вторник) нестабилност во попладневните часови ќе има особено во западните предели од државава.