Во летните гужви на ГП „Богородица“ има секакви патници, па и такви со криминални намери. Мекедонски граѓанин синоќа после пасошка контрола бил запрен и притворен, се констатирало и дека е бегалец од затвор.
Во полицискиот извештај стои наведено следново:
„На 08.07.2024 во 23.00 часот на Граничниот премин „Богородица“, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(32) од с.Баница, струмичко, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана бугарска лична карта на туѓо име.
При извршени дополнителни проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде бил пуштен на викенд“.
Притворениот А.С. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, по што бил спроведен во установата.