Десниот бек Димитар Узунчев од Гевгелија беше избран за најкорисен играч во македонската репрезентација по денешниот премиерен натпревар на македонската младинска репрезентација У-20 на Европското првенство што се игра во Цеље, Словенија.
Узунчев постигна осум погодоци од 11 обиди во триумфот над Црна Гора со 31-21 и заслужено го понесе епитетот МВП. Негова заслуга за победата е цели 25% од целиот ангажман на македонската репрезентација.
Младинците имаа победнички старт на континеналниот собир во словенечкиот град Целје и без особени проблеми ја надиграа Црна Гора.
Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога нашите младинци одиграа одлична одбрана и му дозволија на ривалот само пет пати да погоди. Второто полувреме беше само рутински одработена задача и мислите можат да се насочат кон вториот предизвик и фаворит во групата, селекцијата на Хрватска.
Најдобри стрелци во македонскиот состав освен нашиот Узунчев (8 погодоци) беа и Калајџиески и Субашевски со по пет погодоци, додека голманите Галевски и Брестовац комбинираа 12 одбрани. Во Црна Гора се истакна Добрковиќ со шест гола.
Од Гевгелија, од југот, од ракометниот гевгелиски клуб „Партизан“, до Европско Првенство, во европска Словенија, најдобар играч на теренот беше гевгеличанецот Димитар Узунчев.
Со ваков оптимистички старт следниот предизвик за избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде уште една пресметка со самоуверен старт со првиот фаворит во групата, Хрватска. Натпреварот е утре на пладне.