Летово жителите на општина Гевгелија ја гасат жедта и се ладат со поскапа вода од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија кој за месец јуни на своите потрошувачи им испорача повисоки сметки за вода за 34,7%.
Оваа следуваше како резултат на прифатените одлуки од Советот на општина Гевгелија кој на својата 42-ра редовна седница одржана пред три месеци ги изгласа Одлуките за нова цена за потрошен кубик вода, нова цена за собирање и одведување на урбани отпадни води и нова повисока цена за прочистување на отпадните води од индивидуалните потрошувачи и правните лица.
Цената на потрошената вода за метар кубен од 19,10 денари скокна на 22,60 денари, што е пораст од 3,5 денари, или 18,32 %.
Цената за одведување урбани отпадни води од 5,95 се покачи на 6,40 денари што претставува пораст од 7,56%.
Цената за прочистување на отпадните води за домаќинствата се покачи од 8,50 на 9,25 денари, што е пораст за 8,8 од сто.
Еве ги оригиналните одлуки кои што Советот на општина Гевгелиј ги изгласа на 30 мај 2024 година и стапија на сила со денот на добивањето согласност од членовите на Советот на оптина Гевгелија. ш
Цената за прочистување на отпадните води за домаќинствата се покачи од 8,50 на 9,25 денари, што е пораст за 8,8 од сто.
Се’ вкупно услугите по потрошен кубик вода за пиење, потрошен кубик собрана отпадна вода и прочистена изнесува 4,7 денари, или севкупен пораст од 34,7 од сто.
За ваквите донесени одлуки граѓаните не беа известени од комуналниот оператор, ниту од локалната самоуправа бидејќи 42-рата седница на Советот не беше емитувана јавно, а одлуките не беа објавени јавно. Сега, во месец јули, три месеци по донесувањето на одлуките за покачените цени за вода и водокориснички услуги граѓаните ги читаат пристигнатите сметки за вода и се прашуваат „Како во изгор жежок месец добија изгор сметки за вода?“.
Водата е богатство, неопходен елемент за живот. Можеби со жештините на јули ќе осетиме колку е бесценета таа, или човечката издржливост на жега и на скапотија. Утеха за локалните потрошувачи и поддржувачи е што новите покачувања на струјата, на горивата дојдоа први, од РКЕ па не е само „Комуналец“ виновен за скапиот месец јули.
Инаку, за потсетување, последна одлука за нови цени за водокориснички услуги на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија се донесени на 28.07.2020 година.
Со одлуките од 42-та седница на Советот на општина Гевгелија беа донесени и покачувања на истите водокориснички услуги за 2025 и 2026 година. Се’ вкупно за 2025 година порастот на цените за трите гореспоменати услуги по 1 м3 изнесува 40,25%, а во 2026 година цените ќе поскапат за уште 42,17 %.
Па, немојте после да речете дека не сте известени !