Жител на Гевгелија пронашол граната, неексплодирано убојно средство од Првата Светска Војна, останата во земјиштето во атарот на Гевгелија.
Била над 100 години под земја ископана е вчера во близина на „Македонија пат“ – Гевгелија.
Несаканата оставштина од военото време од минатиот век е пронајдена вчера, среда 10.07.2024 и пријавена во 13:30 часот во Полициската станица Гевгелија.
Лицето кое ја пронашло гранатата е Ј.Х.(57) од Гевгелија кој пријавил дека при ископ на песок во сепарација во близина на „Македонија пат“ – Гевгелија била пронајдена граната.
Од страна на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување таа била безбедно подигната.
Утврдено е дека станува збор за артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна.