петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Поскапеа водоводните услуги на гевгелиски „Комуналец“

Летово жителите на општина Гевгелија ја гасат жедта и се ладат со поскапа вода од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија кој за месец јуни на своите потрошувачи им испорача повисоки сметки за вода за 34,7%

јули 11, 2024
in ФОКУС
Поскапеа водоводните услуги на гевгелиски „Комуналец“
0
SHARES
597
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Летово жителите на општина Гевгелија ја гасат жедта и се ладат со поскапа вода од ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија кој за месец јуни на своите потрошувачи им испорача повисоки сметки за вода за 34,7%.

Оваа следуваше како резултат на прифатените одлуки од Советот на општина Гевгелија кој на својата 42-ра редовна седница одржана пред три месеци ги изгласа Одлуките за нова цена за потрошен кубик вода, нова цена за собирање и одведување на урбани отпадни води и нова повисока цена за прочистување на отпадните води од индивидуалните потрошувачи и правните лица.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Цената на потрошената вода за метар кубен од 19,10 денари скокна на 22,60 денари, што е пораст од 3,5 денари, или 18,32 %.

Цената за одведување урбани отпадни води од 5,95 се покачи на 6,40 денари што претставува пораст од 7,56%.

Цената за прочистување на отпадните води за домаќинствата се покачи од 8,50 на 9,25 денари, што е пораст за 8,8 од сто.

Еве ги оригиналните одлуки кои што Советот на општина Гевгелиј ги изгласа на 30 мај 2024 година и стапија на сила со денот на добивањето согласност од членовите на Советот на оптина Гевгелија. ш

Цената за одведување урбани отпадни води за домаќинствата од 5,95 се покачи на 6,40 денари (7,56%)

Цената за прочистување на отпадните води за домаќинствата се покачи од 8,50 на 9,25 денари, што е пораст за 8,8 од сто.

Се’ вкупно услугите по потрошен кубик вода за пиење, потрошен кубик собрана отпадна вода и прочистена изнесува 4,7 денари, или севкупен пораст од 34,7 од сто.

Пречистителната станица кај Вардар, Гевгелија

За ваквите донесени одлуки граѓаните не беа известени од комуналниот оператор, ниту од локалната самоуправа бидејќи 42-рата седница на Советот не беше емитувана јавно, а одлуките не беа објавени јавно. Сега, во месец јули, три месеци по донесувањето на одлуките за покачените цени за вода и водокориснички услуги граѓаните ги читаат пристигнатите сметки за вода и се прашуваат „Како во изгор жежок месец добија изгор сметки за вода?“.

Водата е богатство, неопходен елемент за живот. Можеби со жештините на јули ќе осетиме колку е бесценета таа, или човечката издржливост на жега и на скапотија. Утеха за локалните потрошувачи и поддржувачи е што новите покачувања на струјата, на горивата дојдоа први, од РКЕ па не е само „Комуналец“ виновен за скапиот месец јули.

Инаку, за потсетување, последна одлука за нови цени за водокориснички услуги на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија се донесени на 28.07.2020 година.

Со одлуките од 42-та седница на Советот на општина Гевгелија беа донесени и покачувања на истите водокориснички услуги за 2025 и 2026 година. Се’ вкупно за 2025 година порастот на цените за трите гореспоменати услуги по 1 м3 изнесува 40,25%, а во 2026 година цените ќе поскапат за уште 42,17 %.

Па, немојте после да речете дека не сте известени !

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ПОРТОКАЛОВ МЕТЕО АЛАРМ објави УХМР – ВЛАДАТА донесе Препораки за заштита на здравјето на граѓаните

Next Post

Распеани Гевгеличани настапија на „Петровденски веселби“ во Валандово

Next Post
Распеани Гевгеличани настапија на „Петровденски веселби“ во Валандово

Распеани Гевгеличани настапија на „Петровденски веселби“ во Валандово

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Околу 2.000 луѓе во Израел останале без покрив над главата

Околу 2.000 луѓе во Израел останале без покрив над главата

2 недели ago
29 годишната Мартина е девојката која загина вчера во страотна сообраќајна несреќа во Грција

29 годишната Мартина е девојката која загина вчера во страотна сообраќајна несреќа во Грција

1 година ago
Претседателот Пендаровски во посета на Гевгелија

Претседателот Пендаровски во посета на Гевгелија

2 години ago
Мајката на ЛУНА: „Оваа битка мора да ја добиеме!“

Мајката на ЛУНА: „Оваа битка мора да ја добиеме!“

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist