Предлог мени за овој викенд е протеинско-витаминската бомба подготвена од планинскиот готвач од Гевгелија Џоко Ризов: „Похован камемберт со шумско овошје“.
За подготовка Ви предлагаме да ја погледнете мајсторијата на планинскиот готвач Џоле, да одберете на јулсите 40 степени на југот, ручекот барем во викенд да го поминете во планинскиот лад на Кожуф, а со себе да понесете ведрина, заедно со артиклите за готвење. Витаминската бомба ќе ви ја дари планината бесплатно.
Потребни состојки: две пакувања камемберт, грст ф’стци, грст лешници, едно јајце, масло за јадење и парче лимон за дополнителен вкус.
И толку треба за насмевка. Откако ќе ги внесете зготвените протеини, облеани со природни витамини, со полна дијафрагма чист планински воздух на Кожуф, денот ќе ви биде повеќе од перфектен, а снагата полна енергија.
Добар апетит. Имајте убав викенд!