Петчлениот тим на дечиња кои тренираат во Школата за атлетика при АК „7ми Ноемви“ денеска на планинската детска трка на Плачковица освоија четири подиуми, наградни пласмани за најдобро истрчано време.
Трасата беше долга 800 метри, а трчаа деца од 5 до 12 години распоредени по возрасни категории.
Најбрзите и најдобрите млади атлетичари од Гевгелија се изборија за следните пласмани:
1. КОСТАДИН СЕМЕНАКОВ – Трето место, категорија 5-6 години;
2. ГОРАН СЕМЕНАКОВ – ПРВО место, категорија 7 до 8 години возраст;
3. АНА БЕГОВА – ВТОРО место, категорија 9-10 години;
4. АНТОНИО КАРАКАБАКОВ – ПРВО место, категорија 11 до 12 години;
5. ДОБРИЛКА СЕМЕНАКОВА – успешно финишираше.


Тренери на оваа млада екипа атлетичари која каде што оди пехари со себе води (носи) дома се познатите атлетичари, спортски работници Влатко Семенаков и Тоше Анчев.

Вака изгледаше стартот на детската трка утрово во 10:30 на планинската патека на Плачковица:
Честитки за овие брзи и успешни наши млади спортисти.
Им посакуваме уште многу спортски настапи и освоени медали!
Секогаш пред старт се бодрат со поздравот: „7 Ноември“. Среќно!